Вашата пријателка уште од школските денови е вашата најдобра другарка и вие во моментот сте страшно загреана по нејзиното ново момче.
Едноставно сакате да го имате за една вечер, тој ви дава знаци дека е спремен за тоа, но вие не знаете што да направите. Еве ви неколку интересни совети доколку се наоѓате во ваква ситуација.
Момче за забава
Доколку знаете дека вашата пријателка е со него чисто заради забава, дека од нивната врска нема ништо да биде, тогаш слободно опуштете се во вашата блудничка игра. Овошките што таа ги има, може слободно и вие да ги пробате, но, поради човечката опсесивност, најдорбо би било тоа да го направите без нејзино знаење.
Тројка
Доколку вие сте со отворени сваќања во врска со сексот и љубовните врски, вам ви се допаѓа момчето на вашата пријателка (а по малку и самата таа), тогаш слободно предложете и да пробате тројка. Но, добро опипајте и го пулсот пред да почнете со муабетот. Можеби таа само се прави слободоумна, а всушност е конзервативна. За ова е поголема веројатноста доколку е Вмро-вка!
Помогете и на пријателката
Вашата пријателка е страшно вљубена, а тој ја користи секоја прилика да флертува со вас. Вие сакате да и го кажете тоа, но едно нешто постојано ве кочи, а тоа е нејзиното постојано зборување : „Ах, колку е добар во кревет. Срце, само да знаше колку е добар!“
Во тој случај ви предлагаме најпрво да ја проверите таквата нејзина констатација, во случај да не е тоа вистина, а потоа вашето согледување да и го кажете. Доколку има барем малку вистина во нејзините зборови, запомнете дека под никакви услови не смеете да се вљубите во него!
Ова се само неколку предлози и ситуации во кои што можете да се најдете доколку сте решителни во вашата „покварена“ намера. Но добро запомнете дека истото може да ви се случи и вам и доколку се најдете во таква незгодна ситуација, не очајувајте: животот тече, се се менува (тука се вкучени и дечковците!), само пријателите и пријателките би било пожелно да останат исти. На крајот на краиштата, пријателствата се најголемото богаство, а сексот е само разонода! :)
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.