Погледнете околу себе и ќе видите дека оваа пролет е целосно создадена за сјајните и среќни луѓе.
топ производи во металик бои » |
Без разлика дали ќе се одлучите за металик нијанси, светки или светкави елементи, едноставно морате да засјаете под пролетното сонце.
Секако дека оваа идеја ја споделија и најголемите дизајнери (а потоа и дизајнерите на најпзнатите брендови за улична мода), но сите тие дадоа своја уникатна интерпретација на овој тренд. Дизајнерите како Ралф Ручи, Џејсон Ву и Дијана фон Фурстенберг внесоа полно металик комбинации во своите пролетни колекции. Стела Мекартни и Ланвин исто така ги преферираат овие тонови – од богатите металик нијанси па сé до бронзените, нежно розови и златни тонови.
Од друга страна пак, дизајнерите како Каролина Херера и Марк Џејкобс го внесоа овој тренд во своите колекции со додавање на металик и светкави елементи. Од светликави чизми, па сé до извезени капути и металик фустани, едноставно сé е дозволено, и потребно е само малку храброст за да го носите.
како да носиме металик » |