Реклама
Нега и здравје

Како да внесувате доволно калциум доколку не јадете млечни производи

Реклама

Доколку не смеете или не сакате да консумирате млечни производи, треба да бидете мирни и спокојни затоа што постојат низа алтернативни начини да го снабдите вашиот организам со калциум.

Маркетинг

Калциумот е многу важен за да имаме здрави коски и заби и исто така ја помага функцијата на мускулите и нервите. Возрасните треба да внесуваат околу 1000 милиграми калциум дневно, кои секако најлесно се внесуваат преку млечните производи. Но, ако сте вегани, имате интолеранција на лактоза или едноставно не ви се допаѓаат млечните произвоиди, следи листа на намирници кои содржат висок процент на калциум а не се млечни производи:

Зелје

Содржи 268 милиграма калциум во 190 грама варен кељ.

Маркетинг

Оваа едноставна намирница содржина околу четвртина од препорачаниот дневен внес, а исто така е богата и со витамин А (и тоа три пати повеќе од потребната дневна доза) кој е добар за вашите очи. Можете да си направите одлична салата или прилог од зелје во комбинација со маслиново масло и лук.

Брокула

Содржи 86 милиграми калциум во 200 грама.

Многу е богата со калциум, но исто така и содржи скоро два пати повеќе витамин Ц од портокалот. Истражувањата покажаа дека исхраната богата со зелјест зеленчук како брокулата го намалува ризикот од одредени видови на рак.

Кељ

Содржи 101 милиграм калциум во 67 грама.

Освен калциум кељот содржи и низа други потребни хранливи материи, има само 30 калории по порција, а ја содржи потребната дневна доза на витамин Ц и двојно повеќе од потребната дневна доза на вотамин А. Содржи и витамин К.

Смокви

Содржат 121 грам калциум во 75 грама суви смокви.

Смоквите можете да ги јадете како благ и вкусен десерт кој содржи висок процент на влакна и калиум. Исто така содржат и магнезиум, минерал потребен на телото за околу 300 биомеханички реакции, како одржување на функцијата на мускулите, одржување на нормална работа на срцето и зајакнување на коските.

Портокали

Содржат околу 74 милиграма калциум во еден поголем портокал и околу 27 милиграма во сок од портокали

Портокалите ќе ви помогнат да го подобрите имунитетот бидејќи изобилуваат со витамин Ц и антиоксиданси, а истовремено содржат многу малку калории.

Сардини

Содржат околу 350 милиграми калциум во 100 грама.

Не се грижете што сардината е обично конзервирана и солена (и плива во масло). Таа може да се користи како одличен додаток на салати и тестенини. Покрај големата количина на калциум, содржи и витамин Б12 кој му е потребен на нервниот систем и витамин Д, неопходен за здрави коски.

Лосос во конзерва

Содржи околу 232 милиграми калциум во половина конзерва.

Ако не можете да најдете, или не можете да си дозволите свеж лосос, тогаш купете лосос во конзерва. Покрај калциумот, тој содржи и околу 38 грама протеини кои придонесуваат за израмнувањето на стомакот.

Бел грав

Содржи околу 63 милиграми калциум во 90 грама варен грав

Гравот е богат со влакна, протеини и железо, како и со калиум. Содржи и здрав скроб и јаглени хидрати, кои помагаат за забрзување на метаболизмот.

Тофу

Содржи околу 434 милиграми калциум во 113 грама тофу

Тофуто е вегетаријански извор на протеини, но исто така е и многу богато со калциум. Може да се комбинира на многу начини бидејќи го прима вкусот на храната со која се подготвува.

Бадеми

Дваесетина бадеми содржат околу 75 милиграми калциум.

Бадемите се одлични за здравјето, содржат околу 12 отсто од дневните потреби за протеини, богати се со витамин Е и калиум. Исто така, помагаат во намалувањето на холестеролот бидејќи содржат добри масти.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button