Реклама
Нега и здравје

Сакате да бидете фит? Еве неколку вежби кои можете да ги правите и во вашата канцеларија!

Реклама

Сакате да вежбате и да бидете во форма но никако не можете да најдете време да одите во теретана?

Маркетинг

Погледнете ги овие едноставни вежби кои можете да ги правите каде сакате, па дури и на работа, секако за време на паузата.

Подигање на листовите

Со оваа вежба ќе ги зајакнете листовите на вашите нозе. Постојат неколку начини на кои може да се прави оваа вежба, но подигањето во стоечка положба е најлесна, а и најефективна.

Маркетинг

{youtube}gwLzBJYoWlI{/youtube}

Пропаѓање со столче

Се што ви треба за оваа вежба е едно столче, а тоа го имате во вашата канцеларија, нели? Со оваа вежба ќе ги зајакнете трицепсите, а можете да ја правите каде сакате. Како и сите други вежби, постојат многу варијации, па погледнете го видеото за да видите некои од нив.

{youtube}3nhqz1DgzN8{/youtube}

Исчекор

Бидејќи вашето тело го користите како тег, исчекорите ќе ви помогнат да го зајакнете целото тело и да станете пофлексибилни. На видеото можете да видите како правилно да ја правите оваа вежба.

{youtube}Z2n58m2i4jg{/youtube}

Чучњеви

Многу е важно чучњевите да ги правите правилно. Станува збор за една од најдобрите вежби со која се раздвижува целото тело, се формираат мускулите и се согоруваат масти.

{youtube}QKKZ9AGYTi4{/youtube}

Даска

Доколку сакате да ги вежбате грбните мускули, освен за стомачните, даската е совршена и за грбните мускули. Се што ви треба е рамна површина. Запомнете колку време сте издржале во оваа положба, па следниот пат обидете се да издржите неколку секунди подолго. Погледнете го видеото за да видите како правилно да ја правите оваа вежба.

{youtube}pSHjTRCQxIw{/youtube}

Кружни движења со рацете

Доколку сакате да ги зајакнете мускулите на рацете, тогаш вртете кругови со нив. Погледнете на видеото како најдобро да го правите тоа.

{youtube}bP52FXTlzjA{/youtube}

Склекови со отскок

Ова дефинитивно е една од најдобрите вежби со која брзо се постигнуваат резултати, но за почеток најдобро е да да ја правите на најлесниот начин. Погледнете!

{youtube}O7_TBHno0Os{/youtube}

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button