Сакате да знаете како се става кармин без огледало, без разлика каде се наоѓате?
Еве што вели Челзи Кроули, ко-основач на козметичкиот бренд Stowaway (козметички препарати во вистинската големина за патување) за порталот byrdie.com со која што разговараа на плажа во Венеција, во текот на нејзината турнеја. Таа го обелодени следниот трик, којшто веднаш ни стана омилен.
Кроули, долгогодишна шминкерка и поранешно лице на козметичкиот бренд Bobbi Brown, вели: „Можеби изгледа комплицирано, но постои лесен трик кога сакате да ставите кармин без огледало при рака.“ Таа продолжи: „Бидејќи најголем предизвик е да се стави кармин на горната усна, прво ставете на долната усна. Потоа, притиснете ги усните за да додадете боја на горната усна и не правете други движења, внимавајќи да не го размачкате карминот.
Еве го важниот дел: Откако ќе го ставите карминот на овој начин, со помош на малиот прст избришете го карминот само на врвот од горната усна (купидоновиот лак) за да го отстраните вишокот кармин кој можеби излегол надвор од линиите. Тоа е сè“!
Можете само да си замислите колку сме восхитени од оваа едноставна техника!
Трикот станува дури и поефикасен со кремастиот кармин на Stowaway ($ 15), наменет да се вклопи секаде, дури и во малиот џеб на фармерките. Како новајлии и првачиња во ставањето кармин без огледало, најверојатно ќе започнеме со светла божур нијанса, пред да се обидеме со посветла и посмелa.
Дали и вие се шминкате во движење? Кои трикови се покажале успешни за вас кога немаte огледало во близина? Искажете го вашето мислење подолу!