Реклама
Нега и здравје

Трик со кој ќе спречите растривање на кожата на препоните

Реклама

Триењето на нозете под препоните може да предизвика незгодно црвенило на овој дел од телото. 

Против оваа таканаречена растриена кожа постои многу едноставен „лек“ и сигурни сме дека истиот се наоѓа и во вашата козметичка чанта. 

Маркетинг

Во народот овој проблем се нарекува и растриена кожа, а обично проблемот се манифестира и низ потемни дамки или депигментација од внатрешната страна на нозете. До овој проблем поретко доаѓа кога носите памучни панталони или чорапи кои го ублажуваат триењето, но скоро да не можете да го избегнете во случај кога носите здолниште на голи нозе.

Маркетинг

Иритацијата и црвенилото на кожата можат да се намалат со аплицирање на мрсна крема или гел на внатрешната страна на бутовите, бидејќи лизгавата кожа ќе овозможи полесно движење. Но некои славни девојки кои ги имаат овие проблеми знаат да посегнат и по својот дезодоранс во форма на стик, па дури и по своето лабело.

На својот Инстаграм профил овој трик го сподели познатата комедијантка Еми Шумер која без влакна на јазикот зборува за своето тело. Таа има нанесено дезодоранс во стик пред да тргне на Мет галата која се одржа во Њујорк.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button