Нега и здравје

Како да симнете температура без лекови – „бабински“ трикови кои навистина делуваат

Народната медицина со векови нуди решенија кои се покажале како ефикасни, а некои од нив се користат и денес за полесно намалување на телесната температура.

Advertisement

Доколку лекарот ви препорачал дека нема потреба од медикаментозен третман сè додека температурата не порасне, или пак, доколу земате лекови кои делуваат побавно, постојат и природни начини со кои можете да си помогнете.

Народната медицина со векови нуди решенија кои се покажале како ефикасни, а некои од нив се користат и денес за полесно намалување на телесната температура.

Advertisement

Еден од најпознатите народни лекови се чорапите со белки од јајце. Белката од јајце има ефект на ладење и може да ја намали температурата за околу половина час.

Две белки од јајца се матат со миксер околу една минута, се нанесуваат на платнена марама или тенка ткаенина и се ставаат на стапалата. Над нив се облекуваат суви чорапи, а кога облогата ќе се исуши, се заменува со нова.

пекселс

Друг проверен домашен лек е облога од компир.

Старите генерации ја користеле оваа метода со рендан компир кој се става во чорапи или директно на челото, фиксиран со марама. Компирот ја впива топлината и помага во намалување на температурата.

Ајдучката трева, позната по своето поттикнување на потење, е исто така делотворна при покачена температура.

Една рамна лажица од сувата билка се прелева со врела вода, се поклопува и се остава десет минути, потоа се процедува и се пие. Доволни се една до две шолји додека да започне потењето.

Корисна е и облога со јаболков оцет. Мал пешкир се натопува во мешавина од еден дел јаболков оцет и два дела ладна вода, се исцедува и се става на челото.

Кога ќе се загрее, облогата се заменува со нова натопена ткаенина. Процедурата се повторува додека температурата се стабилизира.

Напоменауваме дека пред да примените некои од овие природни методи на симнување на температура, задолжително консултирајте се со својот лекар.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button