Реклама
Коса

Како да се спасите од мрсната коса

Реклама

Колку пати до сега сте се обиделе да ја измиете мрсната коса и колку различни шампони сте користеле, а резултатот е речиси никаков?!

 

 

Маркетинг

 

Маркетинг

Токму поради ваквите неуспешни обиди да се справите со мрсната коса, во продолжение ќе ви предложиме два совети кои би можеле многу да ви помогнат.

Млака вода и благ шампон 

Косата може да биде мрсна поради нарушување во метаболизмот и претерано лачење на лојните жлезди на кожата. За да го спречите ова, пред се треба да внимавате на вашата исхрана, а што се однесува до нега на косата, најдобро би било косата да ја миете секој ден. При тоа треба да користете благи шампони од билки (лаванда, млечен, лимон, јаболко…) нешто што нема да ја иритира вашата кожа на дополнително лачење. И секако, косата треба да ја миете со млака вода, бидејќи жешката ја иритира кожата и не е погодна за оние што имаат проблеми со мрсната коса.

Нанесување на пудра за бебиња

Ова метода е позната и како миење на суво. Потребно е да се нанесе беби пудра во најлонски чорапи и чорапите потоа да се стават на четката за коса. Со запците на четката направете им отвори на чорапите, така да, додека се чешлате, прашокот ви останува на косата. Откако ќе го направите ова со чиста четка исчешлајте се повторно, како би ги отстраниле вишокот прав на ваша коса. И не заборавајте – пред да си легнете косата треба да ја измиете!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button