Како да се соочите со стресот и емоциите и како да го победите стравот по поплавите!
За сите оние кои се исплашени, несигурни, се чувствуваат беспомошно важно е да знаат на кој начин можат да се изборат со своите емоции.
Поплави, како овие што ја погодија Македонија, се драматични за сите, особено за луѓето кои се најдоа директно загрозени од нив. Закрепнувањето од овие природни катастрофи е долг и постепен процес. Колку што е потребно време да се тргне хаосот и да се санира штетата, толку е неопходно и за емоционално закрепнување.
Дури и ако не сте директно погодени од поплавите, нормално е дека ќе се чувствувате анксиозно, исплашено и несигурно од тоа што носи иднината. Тоа е затоа што ваквите случувања го пореметуваат чувството на сигурност и прави да се чувствувате беспомошно и ранливо во опасниот свет.
На порталот HelpGuide пишува што можете да направите како би си помогнале на себеси и на саканите и како полесно да го пребродите стресот кој го донеле овие трауматични ситуации.
Побарајте утеха и поддршка
За да го вратите чувството за сигурност, обидете се да направите се што е во ваша моќ како би си помогнале на самите себеси и на вашето семејство. Дури и најмалите чекори во тој правец можат да направат голема разлика.
Откако ќе се случи катастрофата, колку што е можно вратите се на вашите секојдневни навики и рутини. Тоа ќе ви помогне да го намалите стресот и анксиозноста. Дури и да не тргнете веднаш на работа или школо, вашиот дневен распоред што се однесува до спиење, јадење и времето што го минувате со семејството и пријателите треба да ви биде ист.
По овие трауматични случувања можеби ќе посакате да се повлечете во себе, но многу е важно да останете во врска со луѓето на кои им е важно за вас. Поддршката на другите луѓе е неопходна за брзо закрепнување од стресот, па затоа потпрете се на најблиските пријатели и членови од семејството во таквите ситуации. Зборувајте слободно со луѓето кои минуваат низ такви ситуации и вклучете се во заедничките акции кои ги организира вашата општина.
Важно е самите себеси да се потсетувате дека имате сила и неопходни вештини кои ќе ви помогнат да ја пребродите оваа ситуација.
Премини на следната страна >>