Реклама
БебињаНега и здравје

Што да правите и како да се храните за да немате ни грам целулит и да го затегнете телото

Реклама

За секоја жена вистински кошмар претставува кога ќе погледне во огледало и кога ќе ја види „кората од портокал”!

Секоја година фармацевтските и козметичките компании не бомбардираат со тврдења дека имаат произведено нови препарати кои даваат чудесно решение. Но ние денес нема да зборуваме за хемија (и препарати во кои искрено не веруваме), туку ќе ви предложиме 12 начини како да се ослободите од целулитот во удобноста на Вашиот дом.

Маркетинг

До затегната кожа со здрава и лесна храна

Хранливите состојки, т.е. недостатокот на истите во одредени видови на храна, имаат големо влијание врз изгледот на вашата кожа. Затоа, избегнувајте производи од бело брашно, слатки, сокови со шеќер и газирани пијалаци.

Многу сол НЕ е здраво

Исто така, користете колку што можете помалку сол во вашата исхрана. Јадете што повеќе овошје, зеленчук, витамини и минерали бидејќи тие ја хранат вашата кожа и ја прават пофлексибилна. Витаминот Ц е познат како главен непријател на маснотиите, го забрзува нивното распаѓање и метаболизмот. Со овие промени во исхраната, вашата кожа ќе биде здрава и ќе изгледа многу поубаво, негувано и свежа.

Маркетинг

Течноста е неопходна за убава кожа

За да имате убава и затегната кожа, важно е да пиете доволно течности – на овој начин вашето тело ќе се ослободи од токсини. Идеално би било да пиете вода (евентуално со додавање на сок од лимон), како и незасладени чаеви.
Зелениот чај го забрзува согорувањето на маснотиите и ви помага да ја направите вашата кожа да изгледа убаво и хрането.

Етерични масла против стрес

Етеричните масла го елиминираат стресот и дејствуваат релаксирачки, што веднаш се одразува и на вашата кожа. Маслото од лаванда исто така се препорачува бидејќи веднаш смирува, релаксира и помага во елиминацијата на целулитот.

Користете го за бањање.

Пилинг за циркулација

Пилингот особено е корисен преку лето, а истовремено преставува и одлична масажа.

Со чистењето (пилингот), ќе ја забрзате циркулацијата на крвта и затоа кожата ќе стане помека и поубава.

Предности на вежбањето

Вежбањето делува позитивно и истовремено ја освежува и смирува на кожа. Ќе се потите, телото ќе се ослободува од токсини, а вие ќе се чувствувате подобро, што ќе функционира одлично за вашиот изглед.

Ефектот на туширање

Истуширајте се со млака вода, која воедно ќе ја поттикне и забрза циркулацијата, што е одличен начин за да се справите со „кората од портокал“.

Добар сон за убавина – НЕ, тоа не е мит!

Бидете сигурни дека треба секогаш доволно да отспиете по напорен и исцрпувачки ден. Недостаток на сон и замор оставаат знаци на вашата кожа. Сонот и одморот се клучни за здрава и убава кожа!

Користете хранливи креми и лосиони

Хранливите креми треба да содржат колку што е можно повеќе антиоксиданти. Користете производи богати со витамини А, Ц и Е, како и оние препарати кои содржат цинк, овошни ензими, гинко, екстракт од семе од грозје, шеа путер, коензим Q10, маслиново масло, селен, зелен и бел чај …

Редовна масажа за убава кожа

Редовната масажа вреди многу повеќе од било кој антицелулитен крем и придонесува за многу подобар изглед на вашата кожа. Во проблематичните области користете млеко за вашето тело и масажа со кружни движења. За масажа можете да користите пилинг или ракавици за масажа.

Ослободете се од токсините

Ако вашите можности ви дозволуваат, одете во сауната еднаш неделно. Одењето во сауните добро функционира за целото тело, го ослободува стресот и токсините преку потење.

Не заборавајте и на правилно држење на телото

Лошото држење на телото го блокира протокот на лимфата и создава целулит. Со правилно држење, вашите бедра ќе се затегнат и ќе останат такви, а во исто време, целото тело ќе се подобри.

Затегнете се со помош на природата

Глуварче му помага на телото да ги елиминираат бактериите, го поттикнува варењето на храната и придонесува за елиминирање на токсините од телото. Користете го во салати или пијте го како чај.-

Бршлен

Изберете млади листови,измијте ги, исушите и исечете ги на мали парчиња. Ставете ги во чаша и ставете маслиново масло.

Оставете го да остане околу 2 недели, а потоа процедете ја течноста преку газата. Измешајте ја течноста што ќе ја добиете со обична крема и користете ја за масажа на проблематичните делови по туширање.

Лубеница

Јадете лубеници, бидејќи на тој начин водата се исфрла надвор од вашето тело, а со тоа се намалува и целулитот.

Природната храна е многу важна!

Треба да јадете и јаболка и млечни производи, како што се обичниот јогурт, поради карнитин во јогурт и пектин во јаболка кои го забрзуваат забрза процесот на разложувањето на мастите. Карнитинот може да го најдете и во црвеното месо, ореви, семки од тиква, семки од сончоглед и сусам, грашок, грав, артишок, аспарагус, брокули, праски, банани, ориз … Голем извор на пектин се и сливите и цитрусот.

Сок од лимон

Сок од лимон го забрзува производството на колаген кој дава цврстина и еластичност на кожата.

Ананас

Исто така, се препорачува свеж ананас кој содржи ензим од бромлин, бидејќи го поттикнува варењето.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button