Шминка

Совети на Виктор Мирчевски – како да се подмладите со помош на шминка

Advertisement

Познатиот македонски шминкер Виктор Мирчевски нé учи како да постигнеме ефект на лифтинг со помош на шминка.

Advertisement

Тој во неговото второ видео направено во соработка со Еликсир Ексклузив Парфимерии не учи на трикови за шминка со кој дамите во позрели години ќе изгледаат многу помладо. Производите за шминка од Yves Saint Laurent и Lancôme што Виктор ги користеше и ги претстави на моделот Елизабета Леитнер можете да ги видите на крајот од видеото.

Пред да започнете со основата користете хидратантна бела козметика и пудра со хидратантна формула за добра покриеност. Пудрата можете да ја стоплите во шолја со чај над којашто ставате тацна, како што тоа го прави Виктор во видеото. „Не треба да претерате со количината, туку важно е да го изедначите тенот. Внимавајте со коректорите. Крем коректорите се собираат, па затоа користете течен и нанесете го само онаму каде што е неопходно. Јаболчиците ги обликуваме со мат камена пудра или нијанса потемна течна пудра што се нанесува по коската на вилицата. Не треба да бидете премногу дарежливи со пудрата во прав. Со прстите нежно нанесете под очите, бидејќи така ќе се осигурате дека ќе ставите само онолку колку што е потребно. И не заборавајте – добро извитканите трепки, како и полните веѓи даваат младешки изглед“ вели Виктор.

Advertisement

Па, доколку сакате да научите како да направите шминка со лифтинг ефект, најдобро е да го погледнете видеото кое ви е дадено во продолжение.

{youtube}sFEMdl4RkOQ{/youtube}

Посети го Инстаграм профилот на Виктор тука »
Viktor Make-up »

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button