Огласи
Новости

„Како да се отворија вратите на пеколот“ – младенците играа и одеднаш пожар што голта сѐ пред себе (Видео)

И оваа трагедија го отвори прашањето за безбедносните пропусти и користењето на пиротехнички ефекти во затворени простории, кои и во минатото биле причина за катастрофални пожари.

advertisement
advert

Трагедијата со неизмерни размери која се случи во Кочани, поттикна да се потсетиме и на други трагедии кои се случиле на големи забави или веселби, поради пожари предизвикани од пиротехнички ефекти.

На 27 септември 2023 година, најмалку 100 луѓе загинаа, а над 150 беа повредени во разорен пожар што избувна за време на свадбена прослава во најголемиот христијански град во Ирак – Каракош, во провинцијата Нинива.

Трагедијата се случила доцна во вечерта на 27 септември 2023 година, кога стотици гости славеле во свечена сала во Ал Хамданија. Пожарот бил предизвикан од пиротехнички ефекти, запалени во моментот кога младоженците го играле својот прв танц.

Марpкетинг

Огнот се проширил за само неколку секунди, откако таванската конструкција се запалила и се урнала врз гостите.

19-годишниот Гали Насим, кој бил на неколку метри од салата, раскажуваше тогаш за хаосот и паниката што настанале:

„Едната врата беше блокирана, ја отворивме на сила. Од ходникот излезе огромен пламен. Како да се отворија вратите на пеколот“, сведочеше тој за Би-Би-Си.
„Температурата беше неподнослива. Не можам да ја опишам таа жештина“.

Првичните извештаи на ирачките медиуми наведуваа дека младоженците загинале во пожарот, но според подоцнежни информации на новинската агенција NINA, тие сепак преживеале, но со тешки изгореници и биле хоспитализирани.

epp

Снимките од безбедносните камери и видеата што кружат на социјалните мрежи го прикажуваат моментот кога младоженците со насмевка го играат својот прв танц, а потоа со ужас гледаат како пламенот брзо се шири низ салата. Делови од таванот почнуваат да паѓаат врз гостите, предизвикувајќи паника и стампедо.

Првично беа потврдени 113 жртви, но подоцна бројот на жртви се зголеми, а повредени беа околу петстотини лица.

epp2

Сцените од местото на несреќата се застрашувачки и тревожат до денешен ден – десетици пожарникари се бореле со огнот, а фотографиите од локалните медиуми покажуваа изгорени остатоци од свечената сала.

И оваа трагедија го отвори прашањето за безбедносните пропусти и користењето на пиротехнички ефекти во затворени простории, кои и во минатото биле причина за катастрофални пожари.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button