Реклама
Нега и здравје

Како да се ослободите од испуканите пети – домашни рецепти

Реклама

Една од најчестите причини за појава на груби и испукани петици е сувата кожа.

Испуканите петици не изгледаат убаво, но нема да ви наштетат се додека не станат многу длабоки и болни и почнат да крварат. Во овој случај може да дојде и до инфекција и за да се избегнат вакви ситуации испуканите петици треба навремено да се третираат. Овде ви даваме 3 рецепти за третмани кои се едноставни и можете да го направите во вашиот дом:

Маркетинг

1. Стругање

Маркетинг

Можете да се ослободите од испуканите петици така што ќе ја отстраните сувата, мртва кожа со стругање со турпија за петици или камен. Пред стругањето потопете ги нозете во топла вода со сапуница за да може кожата да омекне и полесно да се отстрани. Најдобро навечер пред спиење, ставете малку купка или течен сапун во топла вода и потопете ги стапалата. Држете ги стапалата во водата околу 20 минути. Потоа со камен за петици или турпија и полека истругајте ги мртвите клетки на кожата. Измијте ги нозете со чиста вода и избришете со сува мека крпа. Нанесете крема за стапала или хидратантна крема и облечете чисти памучни чорапи и така легнете. Утрото ќе имате мазни и меки стапала.

2. Сок од лимон

За третман на испуканите петици можете да употребите и сок од лимон кој одлично ги отстранува мртвите клетки на кожата и помага да добиете нова мека и мазна кожа наместо испуканите тврди петици. Пресечете го лимонот на две половини и со едната половина убаво истријте ги стапалата така што убаво ќе се наквасат со сокот од лимон. И двете стапала треба да се тријат по околу 5 минути. Потоа благо измасирајте ги стапалата со мека крпа или четка и измијте со вода.

3. Маслиново масло

Ставете малку ладно цедено маслиново масло на памук и масирајте ги стапалата со кружни движења. Масажата треба да трае околу 10 – 15 минути. Потоа облечете памучни чорапи и оставете ги околу 1 час.

Можете да направите и крем за стапала со следниве состојки: ставете 1 голема лажица маслиново масло, неколку капки масло од лимон или лаванда во мало шишенце и додадете еднакво количество на вода. Протресете убаво пред употреба.

Извор: healthtipsportal.com

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button