Денес е неработен ден и според тоа одличен за прошетка, за која можете да се облечете сосема релаксирано и секако топло!
Извор: Greg Kessler
Во денови како овој доволно е да ја следите вашата интуиција и вашата смисла за мода па да склопите некоја сосема обична комбинација во која ќе додадете личен печат и ќе изгледате и ќе се чувствувате одлично.
Облечете си едноставни фармерки за секој ден, чизми до глужд или патики, топло палто, интересна капа, шал или марама и.. приказната е завршена. Подготвени сме да излеземе во обиколка на градот.
Извор: Le 21ème – Adam Katz Sinding
Добар пар тесни фармерки во комбинација со топол џемпер и чизми до глужд како на пример кај оваа девојка.
Извор: rosee96.blogspot.com
Или пак Азизе од Струга во фармерки со висок струк, кратка блуза во убава маслинеста нијанса и топла марама. Погледнете ги и останатите комбинации меѓу кои ќе најдете и неколку од нашите модни блогерки.
ОТВОРИ ГАЛЕРИЈА » |