Како да се нашминкате како Северина
Познатата хрватска шминкерка Дајана Пајкиќ ја откри тајната со која што ги истакнува цртите на шармантното лицето на Северина.
„Мојата соработка со Северина започна пред три години кога му асистирав на мојот колега Саша Јоковиќ. Брзо и спонтано се усогласивме. Нејзе и се допадна мојот начин на работа, така што сега јас сум задолжена за нејзината шминка, без разлика дали станува збор за приватна пригода или и е потребен мејкап за настап, случување и фотографирање, вели познатата шминкерка за српскиот весник Hello!.
Инаку на Дајана и Северина омилена шминка им е така наречената „No Make-up Look“ која најчесто ја прават кога хрватската дива носи впечатливи фустани. Доколку ви се допаѓа оваа шминка, еве како да ја направите:
{youtube}oGpLLWnO3XY{/youtube}