Еве како совршено да ги нашминкате вашите зелени очи
Дамите кои имаат светла боја на очите, како што е зелената (која воедно е и една од најубавите бои), имаат проблеми со изборот на вистинските сенки, па затоа денес ќе ви ги претставиме нијанси што ќе ги нагласат вашите очи и како треба да ги користите:
Црвени нијанси
Црвените сенки се нешто поекстремен избор, па затоа многу подобар совет е наместо очите да ги истакнете вашите усни со страсен црвен кармин. Ќе допринесе за контраст, нема да морате да се грижите за изборот на сенките, можете само да нанесете двоен слој од маскарата за очи.
Маркетинг
Виолетови нијанси
Сите виолетови и пурпурни нијанси на сенки можат дополнително да ги нагласат зелените очи и да изгледаат уште поубаво и понеодоливо.
Обидете се со smokey техниката во овие нијанси.
Индиго сина
За одличен контраст испробајте ја индиго сината боја. Се препорачуваат посветли нијанси, но во случај на изразени брчки околу очите, користете мат нијанси.
Погледнете ги и останатите идеи: