ИнтервјуХороскоп

Kако да се биде среќен според зодијакот – среќата на ракот преку семејството, а на јарецот преку работата

Познатиот астролог Зоран Крстевски специјално за Гламур

Реклама
Реклама

Човекот отсекогаш тежнеел да го почувствува мигот на среќата, бидејќи суштината на неговиот живот се состои токму во препуштањето на позитивните вибрации што треба почесто да го следат и да го разгалуваат неговото срце. Но, во животот не постојат само убавите мигови, туку и разните искушенија и тешкотии што ги оневозможуваат луѓето да уживаат во импулсите на среќата.

Главните предуслови за постигнување на среќата произлегуваат од перспективите за професионално напредување, од семејната или љубовна реализација, од здравствената хармонија и од финансиската стабилност. Клучно е да осознаеме дали на вистински начин се чувствуваме среќни и исполнети од перспективите во кои се наоѓаме. Не постои човек на Земјата кој ќе рече дека во неговиот живот не постојат проблеми и дека не се соочил со психофизички кризи и искушенија. Постојано среќен човек тешко ќе пронајдеме, меѓутоа блесокот на среќата секому е достапен. Затоа, секогаш треба да тежнееме кон мирот и хармонијата и да размислуваме позитивно, бидејќи од состојбата на нашиот дух зависи каква ќе биде нашата иднина.

Како да ја доживеете среќата со поттик од ѕвездите:

Маркетинг

ОВЕН

Најдинамичниот и нај темпераментен зодијачки знак Овен има голема потреба за себе докажување и за остварување на своите амбиции. Животот му е полн со борби и авантури, така што изолацијата, монотонијата и здодевноста длабоко го повредуваат и оптоваруваат на психофизички план. Неговата среќа зависи од перспективите за професионално реализирање и емоционално совпаѓање со партнерот, кое всушност се темели врз сексуалната привлечност. Најдобро е пред себеси да си постави предизвици, кои ќе го поттикнат на храбар и решителен начин да ги реализира желбите.

Маркетинг
Фото: Унсплаш

БИК

Среќата на Бикот се наоѓа во материјалната реализираност и во чувството на сигурност во сите сфери од животот. Не може да си го замисли животот без вкусна храна и убава гардероба. Добар дел од своите финансии ги троши за задоволување на хедонистичките пориви. Повисокиот карактерен тип на Бик не може да функционира без споделување на љубовните емоции. Претпочита да формира мирна семејна заедница во која ќе доминираат хармонијата и соработката со партнерот. Не сака изненадни промени, притисоци, постојани селидби и љубовни односи со нестабилни и несериозни лица.

БЛИЗНАЦИ

Интелектуалните и променливи Близнаци ги сакаат промените. Тие се отворени, комуникативни, ориентирани кон забави и заинтересирани за вкусување најразлични животни задоволства. Најголемиот проблем во нивниот живот произлегува од недостигот на предизвици и од чувството на заробеност во одреден однос или работа. Притисоците и неможноста за ширење на својот спонтан дух максимално ги оптоваруваат Близнаците и го изместуваат нивното чувство на хармонично постоење. Без реализација на интелектуално поле и професионално изразување на вродените таленти за комуницирање, нема да успеат целосно да ги искористат своите потенцијали. Се препорачува да учат странски јазици и постојано да го надградуваат знаењето.

Фото: Унсплаш

РАК

Лицата родени во знакот на Рак, најлесно ги впиваат емоционалните вибрации на блиските и длабоко го чувствуваат негативниот набој на околината. Подложни се на променливо расположение, така што честопати преминуваат од мигови на еуфорија, до состојба на меланхолија. За да се почувствуваат среќни, потребно е да се чувствуваат сигурно на емотивен план. Најголема среќа доживуваат низ напредокот на децата, семејниот мир и длабоката романтична љубов со партнерот. Раковите сакаат да се грижат за другите, но очекуваат и другите да покажат емпатија кон нивната личност. Семејството секогаш им е на првото место. Најсреќни се кога поголемиот дел од времето го поминуваат со своите најблиски.

ЛАВ

Лавовите сакаат во сите работи да бидат главни протагонисти и доминантни креатори на вредности. Желбата да се биде во центарот на вниманието силно ги ги мотивира и храбро ги насочува кон реализацијата на целта. Животот не можат да го замислат без експонирање во јавноста и ефикасно спроведување на своите мегаломански амбиции. Емоционалното исполнување, флуидот на љубовна енергија и страста се главните двигатели што ги насочуваат кон задоволствата на животот. Лавовите умеат на романтичен начин да ги изразат своите емоции и заштитнички да се однесуваат кон лицата кои ги сакаат. Материјалниот успех им е исклучително важен, поради склоноста кон убавиот и раскошен стил на живеење. Сепак, не се жртви на парите, бидејќи тие им служат како средства, а не како крајна цел.

Фото: Унсплаш

ДЕВИЦА

Овој зодијачки знак ретко може да ја почувствува среќата на спонтан, опуштен и длабок начин. Тоа се должи на преголемата опседнатост со редот, стабилноста и дисциплината, поради што претпочита сите работи да бидат хармонично воспоставени. Треба да разбере дека идеалот и перфекционизмот се тешко достижни во современиот начин на живеење. Девицата е добар организатор, но и недостасува храброст и иницијативност, затоа честопати станува зависна од туѓите сугестии и влијанија. Нејзината преокупираност со здравјето, со финансиската состојба и со емотивната перспектива не и овозможуваат животот да го помине на опуштен и хармоничен начин. Се препорачува да се ослободи од внатрешниот страв и да почне порешително да им се спротиставува на животните искушенија.

ВАГА

Овој зодијачки знак за да почувствува вистинска среќа, треба да биде опкружен со љубов и убавина. Осаменоста и неможноста за остварување хармонија на емоционален план максимално го оптоварува на психофизички план. Вагата сака да биде присутна во јавноста, така што внимава на својот физички изглед и умее убаво да се облекува. Ретко се задоволуваат со просечни работи, туку се фокусираат кон сѐ што е необично и естетски привлечно. За да бидат среќни ќе мора на вистински начин да ја задоволат својата перфекционистичка природа и да постигнат емотивна рамнотежа во животот.

СКОРПИЈА

Скорпиите се страствени и енергични, така што сакаат да ги спроведуваат своите идеи на храбар и авторитетен начин. Честопати се жртви на потребата за доминација, поради што создаваат непријателства и конфликти со лицата кои им пркосат. Непријатностите можат да ги избегнат, доколку манифестираат трпеливост и такт во критичните мигови. За да бидат среќни неопходно е да имаат предизвик што им овозможува активно и решително напредување. Уживаат да победуваат, така што никогаш не се откажуваат од зацртаните цели. Финансиската реализација и еротските доживувања им будат посебно чувство на задоволство.

СТРЕЛЕЦ

Авантуристички настроениот Стрелец не може да го замисли животот без патувања и отворање на нови животни хоризонти. Неговиот либерален и прогресивен карактер го насочува кон сѐ што е полно со предизвици и интересно за интелектуално или професионално надградување на неговата личност. Либералниот пристап и неконвенционалноста го мотивираат кон независното и брзо темпо на живеење. Стрелецот е под доминација на планетата на среќата Јупитер, така што природно е наклонет кон доживување и споделување на среќните мигови. Спортот и домашните галеничиња исто така можат да го направат среќен и задоволен.

ЈАРЕЦ

На типичните Јарци најпотребни им се материјалната сигурност и стабилноста на професионален план, бидејќи овој знак не ги поднесува неизвесноста и ги избегнува ризичните активности. Не трпи авторитети и бега од разни притисоци. Најмногу стравува од сиромаштија и од губење на самостојноста, затоа вложува голем напор за постигнување успех на финансиски план. Миговите на среќа и задоволство му произлегуваат и од професионалната реализација. Голем дел од креативната енергија насочува кон работата, како и кон потребата за формирање стабилен љубовен однос со партнерот.

ВОДОЛИЈА

Водолиите се најзадоволни кога се опкружени со голем број на пријатели и добронамерници. Нивниот независен и неконвенционален дух бара посебен импулс на привлекување, поради што претпочитаат на мошне оригинален и либерален начин да ги спознаат миговите на среќата која, пак, ја вкусуваат кога најмалку ја очекуваат. Водолијата е оригинална и способна за највисоки достигнувања. Нејзиниот начин на постапување е необичен и не кореспондира со општо прифатените правила на однесување.

РИБИ

Добродушните и чувствителни Риби се чувствуваат среќни доколку не се под удар на туѓите себични желби и потреби. Нивната вродена опседнатост со совршенството и барањето на идеалот не можат да им донесат мигови на опуштеност. За нив е најважно да постигнат хармонично сплотување со саканите лица. Духовниот начин на живеење, уметноста и креативната инспирација позитивно влијаат врз нивната личност и можат да ги направат среќни. Сепак, најсреќни се во миговите кога љубовта искрено и романтично ќе се всели во нивното срце.

Фејсбук, Зоран Крстевски
Авторот е проф. д-р по филозофски науки и универзитетски професор

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button