Реклама
Шминка

Како да препознаете дека шминката ви се расипала

Реклама

И шминката, како и останатите козметички производи има рок на траење.

Маркетинг

Доколку користите шминка на која и поминал рокот можете да предизвикате сериозни проблеми како воспаление на кожата или инфекција. Секако, со поминување на рокот за користење се намалува ефективноста на производите, па тие повеќе ги немаат истите својства и квалитет.
Во продолжение следува листа на производи кои едноставно треба да ги фрлите по истекот на рокот за употреба, како и неколку совети како да заклучите дали шминките се веќе расипани и неупотребливи.

Кармин

Рок на траење: 24 месеци

Маркетинг

Кога да се збогувате со него: доколку карминот го сменил вкусот, мирисот или структурата, тешко се нанесува односно се исушил или ја променил бојата.

Камена пудра и сенки за очи

Рок на траење: 24 месеци

Кога да се решите од нив: камената пудра може да трае до 2 години, бидејќи не содржи вода која овозможува развој на бактерии. Меѓутоа, ако дошло до промена на бојата, се појавил сив слој на површината, или пак едноставно пудрата не остава трага на лицето кога ќе ја нанесете, време е да ја фрлите. Со сенките за очи морате да бидете многу внимателни бидејќи можат да предизвикаат иритација на очите по истекот на рокот на траење.

Сјај за усни

Рок на траење: 12 месеци

Кога да го фрлите: треба да внимавате на мирисот, бојата и структурата, исто како и со кармините. Ако станал леплив, се згуснал или се појавуваат грутчиња кога ќе го ставите на уста, време е за нов.

Течна пудра

Рок на траење: 6-12 месеци

Кога да се збогувате со неа: кога веќе еднаш ќе ја отворите течната пудра се препорачува да ја искористите за 6, односно за најмногу 12 месеци. Треба да бидете посебно внимателни со течните пудри бидејќи тие лесно можат да предизвикаат алергии, иритација на кожата и појава на акни ако се со поминат рок. Кога ќе забележите дека пудрата го сменила мирисот или дека остава груткички на лицето кога ќе ја нанесете, време е за во канта.

Маскара

Рок на траење: 2-3 месеци

Кога да се збогувате со неа: се препорачува маскарите да се менуваат често, на 2-3 месеци за да се избегнат воспаленија и иритации бидејќи подрачјето околу очите е многу осетливо. Во случај на појава на проблеми со очите најдобро ќе биде да посетите лекар.

Туш за очи

Рок на траење: 3 месеци

Кога да го фрлите: тушот во форма на моливче трае подолго од оној во течна форма, но генерално се препорачува тушот да се менува на секои 3 месеци за да се избегнат проблеми со очите. Во секој скучај, ако забележите чуден мирис, или пак бел слој на моливчето, време е за нов!

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button