Дом и семејство

Како да препознаете дали во црешите има црви? Со овој трик никогаш нема да згрешите

Белите црви кои се појавуваат во зрелите цреши се ларви на овошна мушичка позната како Rhagoletis cerasi. Женките од оваа мушичка ги полагаат своите јајца во младиот плод, а ларвите потоа се развиваат внатре, хранeјќи се со месото на овошјето.

Advertisement

Црешите – зрели, слатки и мирисни – се неразделен дел од летото. Иако се омилено сезонско овошје, понекогаш може да се случи во нив да се појави бел црв. Тоа често ги одвраќа луѓето од консумација, особено ако не знаат како да проверат дали плодовите се чисти.

Белите црви кои се појавуваат во зрелите цреши се ларви на овошна мушичка позната како Rhagoletis cerasi. Женките од оваа мушичка ги полагаат своите јајца во младиот плод, а ларвите потоа се развиваат внатре, хранeјќи се со месото на овошјето.

Advertisement

Првиот знак дека во црешите може да има црви се малите дупчиња на кората. Тие најчесто укажуваат на тоа дека ларвата или влегла или излегла од внатрешноста.

Промена во бојата на плодот, како и кафеави нијанси или невообичаена мекост, исто така можат да бидат сигнали дека нешто се случува внатре.

При сечење, често се забележуваат тунели или шуплини во месото, кои се создадени од движењето на ларвата. Понекогаш црешата има и слабокиселкаст мирис, што е резултат на микробиолошки промени поради активноста на црвот.

Advertisement

За да се отстранат црвите, самото миење под вода не е доволно. Најефикасен начин е потопување на црешите во ладна вода, така што целосно да бидат прекриени.

пекселс

Во водата се додава една до две лажици сол и се оставаат да стојат околу 15 до 20 минути. Потоа нежно се промешуваат. Ларвите, ако ги има, ќе излезат и ќе испливаат на површината.

Потоа, црешите се плакнат со чиста вода.

Алтернативно, наместо сол може да се употреби оцет. Во студена вода се додаваат неколку лажици јаболков или вински оцет, а постапката е иста – потопување, чекање, мешање и плакнење.

Овој процес не го менува вкусот на овошјето, а овозможува мирно и безбедно уживање во црешите. Тие се богат извор на витамин Ц и антиоксиданси, и вреди да се вложи мал труд за да се консумираат со големо задоволство.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button