Како да ослабиме за само еден ден?

Треба да одиме некаде на летување, а нашето стомаче и не е баш онакво какво што сакаме да биде.

Се чувствуваме дебело, подуено и добро би ни дошло да ослабиме, но немаме многу време на располагање. Па, за ова не постои волшебна формула, освен овие неколку совети кои навистина можат да направат за многу кратко време, па дури и за еден ден, да се чувствуваме многу полесно и поубаво.

Избегнувајте сол и солена храна

ADVERTISEMENT

Доколку се чувствувате подуено, тогаш намалето го тоа чувство така што ќе внесувате помалку сол во вашиот организам. Не купувајте конзервирана храна, бидејќи таа најчесто содржи повеќе сол. Користете зачини, растенија и лимунов сок, ставајте сол со прстите и контролирајте ги подобро дозите што ги ставате во вашето јадење.

Наспијте се убаво

Доколку се чувствувате изморено, тогаш најверојатно нема да можете ни да вежбате. Доколку не сте одморени, ќе имате поголем апетит, а поради тоа и побзо ќе се дебелеете. Одморот е многу важен, бидејќи така многу помалку ќе јадете.

Прошетка

Уште во истиот момент излезете од дома и прошетајте се. Пливајте, пешачете, отидете до другиот крај на градот, разгледајте ги спомениците, џогирајте.. изморете се и испотете се. На овој начин вишокот течности ќе излезат од вас и вие ќе се чувствувате полесно, но и поубаво.

Вода

Фрлете ги сите газирани пијалаци и пијте вода. Чиста или со лимон. Можете да ја збогатите и на многу други начини, со овошје или со краставица…

Направете ручек

Кога јадете во ресторан или уште полошо, кога јадете брза храна, вие не можете да ги контролирате порциите, а многу често ни сето она што ќе го изедете. Токму затоа, прескокнете ги пржените компирчиња, ќебапите и колбасите и отидете до некое пазарче. Купете здрав зеленчук, риба, зачини, маслиново масло и подгответе си вистинско јадење.

Па, пријатен апетит.. и поминете си убаво на летување!

Facebook Comments
(Visited 262 times, 1 visits today)
Loading...