Предизвиците кои животот ни ги носи не можеме да ги предвидиме , но можеме да се погрижиме да создадеме живот со помалку неизвесност…
Сите се трудиме да напредуваме, да стекнеме се што сме посакувале и да направиме се што сме наумиле во животот, да ги ОБЕЗБЕДИМЕ нашите семејства и да ги изведеме децата на прав пат. Меѓутоа, ште ако судбината се постави помеѓу нас и нашите најблиски?
Искушенијата кои животот ни ги носи не можеме да ги предвидиме, но можеме да обезбедиме живот со помалку неизвесности. Болест, инвалидитет или смрт се непредвидливи случаи, доволно трагични сами по себе. Тие по правило со себе носат и губење на финансиската стабилност и сигурност во семејството, посебно ако се поврзани со финансискиот столб на семејството. Без важниот извор на приходи и лишувањето од материјалната сигурност, нашето семејство може да се соочи со озбилни и долгорочни економски проблеми. Се што сме планирале за нашите деца, во тој случај, може да падне во вода.
Затоа е ВАЖНО навреме да ги обезбедиме нашите планови!
Од нас зависи, не само сегашноста, него и иднината на нашето семејство. Затоа наша одговорност е да ја осигураме таа иднина!
Цел на осигурувањето е преносување на ризикот кој го имаме во нашето секојдневие, од поединецот (ние) кон Осигурителната компанија со која склучуваме договор за осигурување. На тој начин поединецот настојува да се заштити од опасноста (ризикот) кои можат да го загрозат неговиот живот и имотот од настанување на штетен случај. При тоа основна карактеристика на тие евентуални штети е дека можат, но не мора да настанат, затоа што се неизвесни и независни од нашата волја. Смисол на осигурувањето не е можноста за заработка на поединецот, туку намалување на губитокот преку обезбедување на економска сигурност, односно заштита на неговиот живот и имот од последиците на настанување на штетен сличај.
Зошто ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ ?
Животот е најдрагоценото нешто што го поседуваме. Треба благовремено и квалитетно да го заштитиме. Во овој контекст сакам нешто да споделам со вас…
Случајно, иако не верувам во случајности во животот, наидов на страница на некој непознат автор кој објаснува што е тоа полиса за животно осигурување. Читајќи, видов дека ова е вистина која на луѓето одамна им е добро позната и која не мора да се вика ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ (кај нас тоа многу опасно звучи), туку едноставно сигурност. Ние денес на тоа сосема заборавивме, затоа што светот стана едно несигурно место во кое нема проекција на стабилна иднина, туку единствено брза сегашност и инстант информации. Запрашајте се што некогаш ама и денес, ми се чини многу повеќе него било кога , значи сигурноста (осигурувањето).
Јас сум ПОЛИСА за ЖИВОТНО осигурување – Јас сум парче хартија, малку мастило и нешто уплатени пари |
Толку многу вистина во десетина реченици!
Останав без зборови пред суровата вистина на животот. Значи, за што да се размислува, ако не за ова! Ова е подсетник за тоа колку е важно да се обезбеди својата морална, финансиска независност и да се обезбеди можност за постабилна иднина.
За дополнителни информации во оваа проблематика како и одговори на ваши прашања, можете да се обратите до Mail: all_insurance@t.mk |