Реклама
Модни совети

Ви ја откриваме големата тајна: како да носите високи потпетици без никаква болка

Реклама

Најверојатно нема жена која не се соочила со замор и болка во нозете од носење високи потпетици.

Многу жени и едноставно се откажуваат од идејата да облечат високи потпетици кога ќе си помислат колку тоа може да биде неудобно, иако изгледа одлично. За да не се лишувате од ова исклучиво женско задоволство можете да го примените следниов едноставен совет.

Маркетинг

Замотајте ги заедно третиот и четвртиот прст (броено од палецот) на ногата со фластер во форма на трака по можност во бела или беж боја, кој можете да го набавите во аптека. Во краен случај можете да искористите и леплива лента – тоа ќе ја ублажи болката во стапалата. Звучи малку лудо, но во основа има сериозна причина: постои нерв кој е поделен помеѓу овие два прсти, што предизвикува болка кога тие ќе се изложат на притисок (како кога носиме високи потпетици). Лентата ќе ви помогне да го намалите притисокот и ќе ви дозволи да танцувате во високи потпетици цела вечер.

Маркетинг

Па, дали сте расположени да потрошите 50-100 денари за фластер? А потоа можете да ја погледнете и галеријата подолу во која ќе најдете преубави модели на чевли со високи потпетици кои сега ќе можете без проблем да ги носите!

види повеќе »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button