Модни совети

МАШКА МОДА – Како да носите сако и каква вратоврска да изберете

Advertisement

Човечкото око може да открие повеќе од 6 милиони бои.

Advertisement

Соодветна боја на вашата облека може да предизвика позитивен впечаток за време на бизнис разговорите и работното интервју. Облеката зборува за вашата самопочит и почитта кон вашите бизнис колеги  како и кон организацијата што ја претставувате.

Не постои втора шанса за оставање на добар прв впечаток,затоа следете ги основните правила  за носење на машките костуми. Business formal значи секогаш една работа – сакото и панталоните треба да бидат во една боја. Најчесто користени бои за бизнис состаноци се црната, тегет или одела со линии (pinstriped suit). Доколку  присуствувате на бизнис состанок  преку  ден во тој случај  одберете костум во светло сива или кафена боја.

ПРАВИЛА НА ЗАКОПЧУВАЊЕ

Advertisement

Додека стоите копчињата  на вашето сако секогаш треба да  се закопчани (бизнис сакоата секогаш имаат две копчиња од кои секогаш само првото се закопчува, додека второто копче останува незакопчано). Кога седете пак, копчињата на вашето сако остануваат незакопчани.

Сако со  едно копче:

Најчесто само  едно копче има елегантни смокинзи, користени  за формални настани.

Сако  со четири или повеќе копчиња:

Во оваа категорија влегуваат сакоата со преклоп со 6х2 копчиња. Ова значи дека од  6 копчиња само 2 се закопчуваат. Доколку сакате  да останете силен прв впечаток оделото на преклоп е секогаш добар избор.

ВРАТОВРСКА

Постојат повејќе од 85 начини врзување на вашата вратоврска. Фактори кои треба да ги земете во предвид кога ја врзувате вратоврската:

I. Компатибилноста на чворот со обликот на вашата глава II. Ширината на реверот на вашето сако со ширината на чворот III. Обликот на човекот IV. Вашата умешност на врзување

Секогаш пред да ја ставете вашата вратоврска  во плакарот одврзете го чворот.

Автор: Сафет Амет | Фото: Signori.mk »

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button