Ќе има голем број супер трендови на рамни чевли оваа пролет – па затоа можеме да кажеме дека сме пресреќни (ура за удобноста која е симпатична!).
Од ниски чевли до балетанки (и многу, многу патики), еве четири слатки нови начини како да ги носите со стил како што може да се види на улиците на Милано:
Црвено + црни ниски чевли: Ова е одличен начин да го истакнете вашиот изглед и да ја покажете вашата личност ако работите во покорпоративна средина. Деловноста е одозгора, а специфичната боја одоздола!
Патики + Костум: Спарување на патиките со костум е свеж изглед. Може, исто така, да ги носите со маица и панталони за софистициран, спортски изглед во текот на викендот.
Ниски чевли во две бои + женствено здолниште: Ниските чевли со две нијанси се одлични да го засилите впечатокот на супер-женствената облека.
Бели патики + печатено здолниште: Ова здолниште, дефинитивно, е ѕвезда на ревијата (од Стела Жан), а целосно белите патики го прават вашиот изглед секојдневен и ненаметлив.
Ако сакате да ги видите најубавите римјанки за оваа сезона, кликнете тука.