Реклама
Фитнес

Три нови начини како да носите плетенки

Реклама

Оваа сезона, сите ќе бидат луди по плетенки! Со овие зајакнати стилови – а со малку помош од супермоделот Нина Агдал – вие може да се издвоите од толпата.

 1. ПОПРИВЛЕЧНА ХАЈДИ 

Маркетинг

Со новиот секси спин (извртување) на плетенките на млекарката, овој хибрид го комбинира најдоброто од двата света: морските бранови и плетенката која го врамува лицето. Подготовката на косата е со солен спреј (како Tresemmé Perfectly (un)Done Sea Salt Spray, за седум долари, во аптеките) и стуткување за да се зацврсти текстурата.

Следно, од средина на главата исплетете француска плетенка на двете страни од главата. Престанете со плетењето под ушите и ставете шнола.

Маркетинг

 2. ПОЖЕСТОК СТИЛ НА ФРИЗУРАТА „ЛАЖЕН ЈАСТРЕБ“ 

Плетенките само што влегуваат во мода благодарение на овој стил на лажен јастреб. За да го постигнете тоа, направете три реда мали француски плетенки (полесно е да се направат отколку редовите на ’пченка’) на двете страни од главата, оставајќи го горниот лабав и неисплетен. За издигната коса, лесно разделете ги влакната од корен и попрскајте ги со спреј за коса (пробајте го  L’Oréal Paris Advanced Hairstyle Lock It Bold Control Hair Spray, $5, во дрогериите), а потоа повлечете ја сета коса, вклучувајќи ги и плетенките, во ниска коњска опашка.

 3. ПОСЕКСАПИЛНА ВАРИЈАНТА 

Клучот за вашата стандардна странична плетенка: мини-плетенки и бижутерија. Започнете со сув спреј за текстура (го обожаваме Garnier Fructis Style De-Constructed Texture Tease, $5, во веледрогерии) од коренот до врвот, потоа превртете ја косата на една страна. Поделете ја косата на три дела. Исплетете го едниот во плетенка во која ќе вткаете ѓердан или низа од монистра (само ставете шнола низ окото на затворачот за да ја затегнете косата).

Потоа, исплетете поголема плетенка со помош на малата, украсената и двата лабава делови, врзувајќи ги на крајот. Завршете со помош на прстите, нежно повлекувајќи ја плетенката за да направите имитација на побујна коса.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button