Здолништата со средна должина ќе бидат многу популарни оваа есен и зима, но тие можат да направат вашите нозе да изгледаат покуси.
За да не биде тоа така, постојат неколку трикови со чија помош визуелно ќе ги издолжите нозете и нема да изгледате смешно.
Носете чевли во беж боја
{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/shopping/soveti/12178-kako-da-nosite-midi-sukjnja?slika=1 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Најдобриот и наједноставниот начин да направите вашите нозе да изгледаат подолги е да носите чевли во боја на кожа. Без разлика дали се тоа сандали, салонки, платформи или рамни чевли, тие ќе ја издолжат линијата на вашите нозе. Затоа кога носите здолниште со средна должина и сакате да направите екстра илузија за должината на нозете, задолжително облечете чевли во боја на кожа.
Горниот дел во здолништето
Втор трик за да го постигнете посакуваниот ефект е да го ставите горниот дел – кошулата или маицата во здолништето. Така ќе се издолжи линијата на нозете (од половината па се до прстите на нозете) и дополнително ќе придонесете долниот дел од телото да не биде толку забележителен.
Супер тенки високи потпетици
{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/shopping/soveti/12178-kako-da-nosite-midi-sukjnja?slika=2 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Доколку немате чевли во беж боја во вашиот плакар, или едноставно не одговараат со здолништето кое сакате да го носите, воопшто не треба да се грижите заради тоа. Вториот начин да ја издолжите линијата на вашите нозе е да облечете екстра тенки и високи потпетици. Неколку сантиметри под нозете прават голема разлика!
Балетанки со шилест врв
Доколку сакате да носите балетанки, тогаш изберете модел во светли бои и со шилест врв. Ова многу ќе помогне во издолжувањето на линијата на нозете, без разлика што петите несе подигнати.
Тренди палто
{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/shopping/soveti/12178-kako-da-nosite-midi-sukjnja?slika=3 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Со некое интересно и тренди палто обидете се да го привлечете вниманието во горниот дел, така што фокусот ќе биде понастрана од скратената линија на нозете.
Извор: babble.com