Како да носите металик фустани, здолништа, блузи и панталони во дневни пригоди, а да не изгледате како дотерани за на маскенбал?
Мораме да признаеме дека линијата помеѓу супер кул комбинација со металик парчиња и изглед на подвижен лампион е прилично тенка! Меѓутоа, земајќи предвид дека дизајнерските колекции за оваа сезона пролет-лето се преполни со металик јакни, чанти и панталони, мораме веднаш да ја разрешиме дилемата како е најдобро да се искомбинираат ваквите парчиња за да изгледате тренди и шик оваа сезона.
Не оставаме ништо на случајот, туку веднаш се упатуваме во галеријата каде има фотографии на уличен стил за да ги научиме триковите на најдобрите, но и фотографии од модните писти кои ќе не научат како да носиме металик парчиња не само навечер туку 24/7 во претстојната сезона на забави и концерти. А откако добро ќе ги разгледаме овие трикови, можеме слободно да скокнеме и во галеријата каде специјално за вас ги избравме најдобрите металик парчиња од најпознатите хај стрит брендови од кои најчесто купуваме.
Металик плисано здолниште во комбинација со шик блуза и опасни високи потпетици и чанта …
Алекса Чанг во плисано металик здолниште и ретро чизмички …
Ах, ги обожаваме овие златни сандали од Gucci …
Металик мини фустан од Christopher Kane
Alessandro Michele
Mеталик фустан + фармерки – комбинација наменета само за кул девојки …
J.W. Anderson
НАШИ ШОПИНГ ПРЕДЛОЗИ:
ASOS Column Skirt in Pleated Metallic £40.00
Bershka 1.990,00 MKD
Mango
Mango
Zara 4,790.00 MKD
А сега, време е за шопинг. Отворете ја галеријата и погледнете ги најдобрите металик парчиња од најпознатите хај-стрит брендови…
види повеќе » |