Реклама
Модни совети

Како да носите леопард дезен

Реклама

Овие шари се едни од најпопуларните кога станува збор за животинските дезени, па сосема е природно доколку имате неколку парчиња со овој принт кои чекаат повторно да ги вратите во игра.

Но, доколку сте девојка на која и се крева косата од овие парчиња, како и од самата помисла дека треба да додадете некое тренди парче со оваа шара во вашиот плакар ви звучи како кич и демоде, не заборавајте да ги погледнете работите и од малку поинаков агол. Да, комбинациите кои само се зачинети со по некое парче со шарата на гламурозните мачки изгледаат.. па во најмала рака тие изгледаат секси и додаваат шик и модерна нота на целосниот стајлинг. Погледнете!

Маркетинг

Приказната започнете ја суптилно

Маркетинг

За почеток обидете се само со едне детаљ како на пример плико чанта или чевли со леопард принт. Потоа обидете се и со некое поедноставно парче, на кое ќе има ваков детаљ, како што е на пример некоја маица или блуза.

Едно, но стејтмент парче!

Доколку имате храброст, тогаш обидете се со едно стејтмент парче како на пр. здолниште, панталони, хеланки, кошула или блуза, па дури и сако. Ако сметате дека вака ќе привлечете премногу внимание, тогаш обидете се да го неутрализиреате ефектот со нешто црно во горниот или долниот дел.

Замотајте го леопардот околу вас!

За девојките кои го сакаат своите леопарди – па и многу други работи – треба да се обидат да се фокусираат и да пробат да ja носат оваа шара од глава до пети, без разлика дали станува збор за фустан или капут.

А сега погледнете ги и овие комбинации кои се потполно носиви и тотално шик, без разлика дали сте нови во оваа приказна и само сакате да експериментирате или пак веќе имате искуство со овој прекрасен и неодолив дезен.

види повеќе »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button