Реклама
Модни совети

Како да го носите трендот фустани врз панталони оваа сезона

Реклама

Панталони или фустан? А што велите за фустан врз панталони? Дали ви звучи ова како предизвик кој би сакале да го пробате?

Доколку не можете да одлучите дали да носите панталони или фустан, не заборавајте дека модните стилисти за оваа сезона препорачуваат да пробате да ги носите и двете парчиња одеднаш.

Маркетинг

Слоевитото облекување секогаш е во тренд, особено кога станува збор за студени и променливи денови кога ви се потребни повеќе парчиња облека за да се прилагодите на ниските температури. Па, доколку не сакате да носите досадни и монотнони комбинации, обидете се да ги комбинирате вашите омилени фармерки со фустан кој ќе го носите преку нив. Комбинирајте со дебел плетен елек или кожена јакна, а доколку сакате шик и смел изглед, обидете се со лежерен фустан со цветен дезен кој сте заборавиле да го носите преку летниот период. Едноставно пробајте, и доколку го вклопите во некоја комбианција – зошто да не пробате, нели?

Маркетинг

Од бохо и рок стилот, па се до романтичарските комбинации, комбинациите со овие две на прв поглед неспоиви парчиња ќе резултира со одличен изглед со кој нема да можете да поминете незабележано. Погледнете!

Но, доколку сте зимурлива, наш предлог за оваа зима е да пробата да носите ролка врз плетен фустан-џемпер и комбинацијата да ја заокружите со волнен овер-сајз капут, еден пар оксфордки и панталони.

Па што велите за овој тренд? Звучи откачено и вреди да се проба, нели?

види повеќе »

Доколку сакате да видите повеќе комбинации како да носите фустани врз фармерки или панталони отворете ја галеријата или кликнете тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button