Реклама
Модни совети

Како да носите чизми до над колена на работа и на прошетка

Реклама

Веќе пишувавме за најпопуларните трендови на чизми за есен/зима 2013-2014, а чизмите до над колена се на врвот на листата.

Иако ваквите високи чизми можат да ви изгледаат по малку чудно и непријатни за носење, доколку го пронајдете вистинскиот модел со вистинската висина и ширина кои најмногу ќе одговараат на вашата нога, ваквите чизми можат да бидат одлична инвестиција.

Маркетинг

Пронајдете го вистинскиот пар на чизми за вас од листата на најубави модели која ја подготвивме.

Кафени чизми за јавање

Маркетинг

3.1 Phillip Lim fall 2013

{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/shopping/soveti/12307-kako-da-nosite-cizmi-do-nad-kolena?slika=1 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}

Заменете ги вашите црни чизми со кафени чизми за јавање во богата кафеава боја. Можете да ги комбинирате со здолниште и блејзер за на работа или со припиени фармерки и џемпер за прошетка за време на викендот.

{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/shopping/soveti/12307-kako-da-nosite-cizmi-do-nad-kolena?slika=2 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}

Bronx Boots Lore Lei over-the-knee boots, $209

Класични црни чизми до над колена

{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/shopping/soveti/12307-kako-da-nosite-cizmi-do-nad-kolena?slika=3 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}

Ralph Lauren fall 2013

Црните чизми до над колена, скоро до бутовите, можат да ве асоцираат на Џулија Робертс во „Прекрасна жена“, но има и пософистициран начин да ги носите – изберете сјајна, не мат кожа, и дебела штикла или рамен ѓон. Комбинирајте ги со припиено здолниште или со краток фустан за на работа или со кожни хеланки или мини здолниште за преку викенд.

Кожни чизми со патент

{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/shopping/soveti/12307-kako-da-nosite-cizmi-do-nad-kolena?slika=4 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}

Високите кожни чизми со патент можат да изгледаат рафинирано и шик, само треба да обрнете внимание во висина само да го допираат коленото, да бидат рамни или со задебелена штикла, и потоа да ги комбинирате со материјали како твид, волна или кашмир, за софистициран шмек.

{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/shopping/soveti/12307-kako-da-nosite-cizmi-do-nad-kolena?slika=5 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}

Jeffrey Campbell Shane over-the-knee boots, $245

Чизми до над колена на платформа

{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/shopping/soveti/12307-kako-da-nosite-cizmi-do-nad-kolena?slika=6 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}

Donna Karan fall 2013

Ова звучи малку чудно – чизми до над колена, со тенки високи потпетици, па уште и на платформа?! Но, ваквите модели беа забележани на модните писти во колекциите за есен 2013 и изгледаа одлично. Тајната е да изберете потемна чоколадно кафеава боја за да се ублажи екстра гламурот. Овој модел сепак е најдобро да го зачувате за викенд и да го комбинирате со краток фустан и поголемо палто.

{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/shopping/soveti/12307-kako-da-nosite-cizmi-do-nad-kolena?slika=7 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}

Charles by Charles David Adelina boots, $145

Мото чизми до над колена со такми

{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/shopping/soveti/12307-kako-da-nosite-cizmi-do-nad-kolena?slika=8 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}

Chanel fall 2013

Овие чизми се резервирани за кул викендите на јаките девојки. Можете да ги носите со женствени кратки фустани кои се шират од половината надолу или пак едноставно со џемпер или дуксер и фармерки за опуштен викенд.

Антилопни чизми до под колковите

{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/shopping/soveti/12307-kako-da-nosite-cizmi-do-nad-kolena?slika=9 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}

Pucci fall 2013

Овие превисоки чизми се прилично деликатна работа. Сигурно сакате да изгледате секси за викенд, но не и за на работа. Модели од помек антилоп и потпетица со средна висина (без платформа) можат да поминат на работни места каде се цени модата. Но, ако работите во некоја институција или компанија, подобро зачувајте ги ваквите чизми за викенд, кога можете да си ги облечете со кратки есенски панталони или пак свилен, поширок и пократок мини фустан.

Чизми до над колена со отвори

{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/shopping/soveti/12307-kako-da-nosite-cizmi-do-nad-kolena?slika=10 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}

Salvatore Ferragamo fall 2013

И овој модел е резервиран за носење само преку викенд кога можете да експериментирате со посмели модели на високи чизми. Важно е отворот да биде што е можно помал и да ги комбинирате чизмите со подебела и затворена облека за да се балансира изгледот на чизмите.

{JFBCLike url=http://stipka.com.mk/shopping/soveti/12307-kako-da-nosite-cizmi-do-nad-kolena?slika=11 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}

Avril thigh-high boots, $172

Извор: Glamour

Врати се горе »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button