Реклама
Модни совети

Како да носиме skinny фармерки оваа есен и зима

Реклама

Тесните фармерките уште долго време ќе останат на модната сцена, без разлика на тоа што на некои девојки им се крева косата од нив.

Но и покрај најавите дека овој тренд полека но сигурно заминува од модната сцена, ситуацијата на „терен“ е сосема поинаква и многу лесно може да се случи тие наскоро да станат безвременски тренд со кој многу лесно ќе го постигнете класичниот изглед. Можеби ви звучи чудно, но верувајте ни, ова функционира! Тие изгледаат шик, лесно се комбинираат и можете да ги носите во најразлични стилови и варијанти. Негативната страна е во тоа што веќе ги имаме исцрпено сите можни комбинации кога се во прашање овие модели. Ги имаме носено буквално со сé што имаме во нашите плакари, па понекогаш се чувствуваме како да сме влезени во некој „loop“ на некоја машина за шиење и дека веќе милион пати сме ги носеле истите комбинации.

Маркетинг

Но, од друга страна пак, оваа година многу познати блогерки и познати девојки од модниот свет постојано внесуваат новини во нивниот комбинации со тесните фармерки, пронаоѓајќи и комбинирајќи со нови идеи, детали и модни додатоци. Токму затоа за денес решивме да закачиме една мала street style галерија во која тие ги носат своите skinny фармерки на сосема иновативен начин. Меѓу фотографиите ќе видите црни, сини, бели, скинати, кратки, со висок струк и многу други модели спарени со неочекувани елегантни или стејтмент високи потпетици, патики или блузи. Погледнете!

Маркетинг

Погледнете и пронајдете ги деталите кои ќе ви помогнат и вие да ги носите вашите омилени фармери на начин на кој не сте го направиле тоа досега.

А сега погледнете ги и цените на најубавите модели за оваа сезона

види повеќе »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button