Реклама
Модни совети

Како да носите тексасно здолниште

Реклама

Покрај тоа што изгледаат крајно симпатично, тие се парче облека кое што сите го имаме во нашите плакари во некаква варијанта, а најубавото од сé е тоа што модните дизајнери постојано се навраќаат на старите добри тексасни здолништа така што тие постојано се во мода!

Маркетинг

Можете да ги носите кога одите на ручек, вечера, на работа, преку викенд, на прошетка во парк… едноставно ова парче облека е одличен избор за најразлични ситуации и токму затоа ве советуваме да имате барем еден или два модели во вашите плакари.

A како да го носиме?

Маркетинг

Доколку станува збор за комбинација што ќе ја носите на работа, тогаш најдобро е неформалното тексасно здолниште да го балансирате со сако и соодветна блуза или кошула, чанта во неутрална боја и салонки со шпицест врв.

За вечерни комбинации обидете се со кошули од потенки материјали, без ракави, мала плико чанта и високи потпетици. За дневни, лежерни комбинации обидете се со бела кошула и чевли на платформа, додека за преку викенд ве советуваме да пробате со блуза или маица на риги и балетанки.

ОТВОРИ ГАЛЕРИЈА »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button