Гумените модели се одличен избор за дождливите есенски денови!
Гумените чизми од брендот „Hunter“ веќе некое време се наоѓаат кај дамите кои и во дождливите денови сакаат да бидат секси и кул и кои не дозволуваат временските непогоди да им ги диктираат трендовите.
Станува збор за есенски „must-have“ чизми кои се со класичен британски дизајн и напревени од вистинска гума.
Можат да се најдат во неколку варијанти – класична црна со висок сјај, потоа мат, високи и ниски. Доколку сакате нешто посекси, тогаш изберете црвен модел каков што носеше Анџелина Џоли во„ Mr. & Mrs. Smith“ или пак во провокативната розова боја во која лесно ќе бидете во центарот на внимението!
KОМБИНАЦИИ
Што се однесува до тоа како да ги носите, можете да ги носите со новите црни „skinny“ фармерки, но и со вашите лежерни панталони со принт, или пак, за малку пошик, посекси или за класичен „бохо“ изглед, комбинирајте со здолниште или фустан. Погледнете!
Плетен џемпер, кратко здолниште и црни гумени чизми …
Тренди и секси комбинација …
Спортски …
Па, развеселете го вашиот стил во овие дождливи денови, и притоа не заборавајте дека најдбрите комбинации се и кул и шик во исто време…
Скопје НЕ е Лондон, АМА овие чизми се супер избор за скопјанки!? » |