Сакате да пробате некоја нова комбинација со вашите омилени фармерки, но потребна ви е инспирација? Погледнете ги овие девојки, сигурно ќе најдете некоја интересна идеја!
Кендис Свинепул успешно вклопи две парчиња во нашата омилена боја за оваа сезона. Таа направи одлична комбинација во изборот на чевли и чанта. Ова е ризична комбинација, лесно може да се промаши, но не и за оваа девојка – таа е доктор за кобинации! Истовремено таа носи и тексас со тексас – пак совршено!
Ријана
Ријана облече машка кошула со риги во комбнација со тесни скинати фармерки кои одлично и прилегаат. Комбинацијата е успешно заокружена со едноставни сандали и пуштената коса на пејачката.
Џенифер Лопез
Ако некој знае како треба да се носат кратките топови (посебно за да се истакне совршениот стомак), тоа е Џенифер Лопез. Погледнете ја оваа нејзина одлична комбинација од краток топ и фармерки со низок струк, при што во преден план се секако нејзините стомачни мускули!