Овие чизми ако ги носите погрешно многу лесно можат да ве однесат на територијата на Џулија Робертс и филмот „Pretty Woman“.
Но тоа НЕ треба да не спречи да го пробаме еден од најжешките трендови за оваа сезона, нели? Па, за да ви помогнеме во желбата конечно да ги облечете вашите омилени високи чизми, покрај текстот Најдобрите високи чизми за оваа сезона, што го објавивме пред некое време, денес ќе се обидеме да ви претставиме еден краток водич како да ги носите овие модели и да изгледате шик.
И секако, не заборавајте да ја погледнете галеријата која што е на крајот од овој текст и во која ќе ги најдете најубавите модели за оваа сезона.
Комбинација со капут е одлична идеја!
Расположени да носите краток фустан и високи чизми? Обидете се да комбинирате со шик капут и ќе ја добиете вистинската комбинација.
Да, да.. можете да носите високи чизми и на работа!
Сакате во високи чизми да се прошетате пред носот на вашиот шеф и да ги носите во канцеларија? Па обидете се да ги комбинирате со здолниште кое е доволно долго за да ги покрие вашите нозе (најдобро е да биде во линија со колената) и комбинирајте со шик деловна кошула.
Плетен фустан и високи чизми – супер комбинација!
Плетените фустани кои се апсолутен хит за оваа сезона (види ги ТУКА најдобрите модели) можат да изгледаат малку разочарувачки кога ќе се комбинираат со погрешни обувки – но затоа пак, со високите чизми до над колена секогаш се вистинската стилиш опција!
Позајмено од машкиот плакар
Секако дека можете да ги внесете високите чизми во некоја комбинација инспирирана од машкиот look. Обидете се со „оверсајз“ машка јакна, фармерки и кошула со риги како блогерката на фотографијата.
Не мора секогаш ТИЕ да се во центарот на вниманието!
Доколку НЕ сакате фокусот да биде на вашите високи чизми, тогаш комбинирајте ги со облека со интересен принт.
Тесни фармерки и високи чизми? О, да!
Обична блуза, тренди капут и вашите омилени skinny фармерки би можеле исто така одлично да одговараат со високи чизми.
За суптилна привлечност, откријте милиметар два и покажете нога!
Позајмете го стилот на прекрасната Оливија Палермо и комбинирајте ги вашите чизми со мини здолниште без разлика дали станува збор за дневна или вечерна варијанта. Комбинацијата ќе покаже само дел од вашата кожа и ќе добиете сензуален, но не и премногу наметлив изглед.
НЕ плашете се да комбинирате со други модни додатоци
Доколку сакате да носете едноставен аутфт, тогаш обидете се акцентот да го префрлите на ремен со мала метална тока или чанта со реси, и на еден ваков совршен и тренди начин да го заокружите вашиот look.
Високи чизми (до и над колена) » |