Дали сте знаеле дека на исхраната влијаат многу фактори за кои неретко и не сте свесни?
Сигурно не сте помислиле дека тука играат улога и чиниите во кои ја служите храната, звукот на приготвувањето и слични детали. Во продолжение прочитајте неколку интересни работи кои влијаат на количината на храната која ја внесувате секојдневно.
Бели садови
Белите садови имаат големо влијание на вашите навики за исхранување. Оние кои користат бели чинии, во своите јадења користат помалку шеќери.
Црвени садови
Доколку сакате да го елиминирате зголемениот внес на сол и маснотии, во тоа ќе ви помогнат црвените садови. Нијансата е онаа која секогаш има предупредувачки карактер. Па, оние кои својата храна ја сервираат на црвени чинии, повеќе внимаваат на она што го консумираат.
Почувствувајте ја тежината на вашиот оброк во свои раце
Понекогаш е доволно да ја почувствувате тежината на вашиот оброк во свои раце, па на тој начин може да добиете и одредени информации дали тоа ви е доволно во тој момент. Токму овој мал и едноставен трик може да ви помогне да ги намалите вишокот килограми, со тоа што ќе ја намалите големината на вашиот оброк.
Фокусирајте се на храната која планирате да ја јадете
Додека јадете, многу е важно да ги внесете сите свои сетила. Во тој случај, исклучете го телевизорот и оставете го телефонот подалеку, за да не ви го одвлекува вниманието, па сконцентрирајте се целосно на она што го внесувате во себе. Користејќи ги сите сетила, мозокот ќе ви каже кога е навистина доста.
Лажете се самите себе
За да го спречите прејадувањето, некогаш е доволно да се залажувате самите себе. На пример, доколку обожавате пржени компирчиња, помислете на тоа дека веќе имате изедено премногу, па токму таа идеја ќе ви го намали апетитот и ќе сакате да посегнете по нешто друго, можеби помалку калорично.