Сé што ви е потребно за ова здолниште ќе го пронајдете во машките плакари
Високите пролетни температури веќе не тераат да почнеме да размислуваме за кратките здолништа и голите нозе, но пред да скокнете во шопинг во вашите омилени продавници погледнете го овој генијален трик. Она што можеме сите да го забележиме од Инстаграм, но и од другите социјални мрежи, како и од излозите низ продавниците од кои најчесто купуваме, оваа сезона мошне популарни се здолништата кои потсетуваат на кошули. А кратките модели кои личат како да се направени од најобични машки кошули, впрочем во многу случаи и навистина се направени од кошули! И за да направите и вие едно такво шик парче не ви е потребна никаква дизајнерска или кројачка вештина.
Се што ви е потребно е една кошула од плакарот на вашиот татко или брат (или предимензиониран женски модел), а во краткото видео погледнете како во само неколку минути да го направите ова здолниште.
Јаката треба да ја ставите на најтесниот дел на вашиот струк и закопчајте ја кошулата на првото највисоко копче на кое можете и потоа продолжете надолу се до крајот. Заврзете ги ракавите во јазол или обликувајте панделка, како кога врзувате кондури и ете – добивте ново омилено здолниште кое е хит оваа сезона и тоа потполно бесплатно.
А доколку не сте во форма и ве мрзи да експериментирате, тогаш преминете на следната страна и погледнете неколку веќе „готови“ модели на кошули-здолништа од познатите брендови во Македонија.
Премини на следната страна >>