Рецепти

Како да направите совршена домашна пица – тајната е во клучна намирница и два трика што ја прави крцкава, воздушеста и неодолива!

Проверено е успешна!

Реклама
Реклама

Прво, земете предвид дека најуспешно ќе биде ако подготвите традиционална италијанска пица, каква што се прави низ целиот свет, па и во нашите реномирани пицерии/ресторани.

Постојат неколку важни детали, кои ќе ги споделиме со вас.

Најважно е брашното – мора да биде многу фино мелено и со висока содржина на протеини. Ова е клучно за да се активира квасецот, тестото да остане тенко, а кората да биде воздушеста, со меурчиња и крцкава. Брашното треба да содржи барем 13% протеини, но идеално е 15%.

Маркетинг

Затоа, читајте на етикетите на брашната колку протеини содржи и одберето го она со највисок процент на протеини.

Второ важно правило е дека тестото не треба да се меси подолго од 15 минути – така не дозволува квасецот да почне да дејствува предвреме.

Маркетинг

Третото правило е – откако ќе биде подготвено, тестото се става во фрижидер на 2-3 часа. Потоа се формираат топчиња и повторно се враќаат во фрижидер. Таму тие полека набабруваат – квасецот дејствува, а колку повеќе протеини има брашното, толку подобро се одвива процесот.

Со тек на време, се создава силна врска меѓу брашното и водата, па тестото станува еластично, не се кине и лесно се развлекува.

фото-пекселс

Може да се остави во фрижидер преку ноќ или дури 24 часа. Благодарение на високата содржина на протеини, може да се остави во фрижидер дури 48 часа како што прават врвните пица-мајстори. Резултатот е неверојатно лесна, крцкава и порозна пица.

Состојки за тестото:

Брашно – 1 кг

Вода – 550 гр

Квасец – 13 гр

Сол – 7 гр

Маслиново масло – 70 гр

Пицата се пече 10-12 минути на претходно загреана рерна на 330°C.

Што се однесува до филовите – можностите се бесконечни!

фото-пекселс

Проверено е успешна!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button