Путер од бадеми? Мммм…
Но, веднаш да ви кажеме дека на исиот начин можете да направите и путер од кикиритки, ореви или било кои други зрнести плодови и семки – секогаш на исиот начин. Единствената разлика е само во основната состојка од која ќе го правите путерот. Покрај ова индустриските путери се скапи, имаат многу повеќе масло, шеќер, конзерванси и многу други помалку или повеќе штетни состојки.
Додека вашиот путер ќе биде 100 природен.
СОСТОЈКИ
1. 250 грама печени бадеми (може и сирови)
2. Лажичка кокосово масло (најдобро е да се користи масло од истата состојка од која се прави путерот, но бидејќи овие масла се скапи можете да користите и било кое друго масло. Ние предлагаме кокосово масло, а доколку сакате путерот да ви биде потечен, тогаш ставете две-три лажички повеќе масло).
3. Половина лажичка сол (може да додадете и бибер по вкус, но и во зависност од тоа дали сакате да направите благ или солен путер).
ПОДГОТОВКА
Во мултипрактик со нож измелете бадеми со сол. Кокосовото масло додадете кога ќе изгледа кашесто. Мелете уште една минута па ставете во тегличка…
ДОДАТОК
Инаку, овој домашен путер можете да го направите да биде и солен. Во тој случај наместо бибер и сол, ставете 1-2 лажички шеќер и измешајте. Можете да додадете и зачин како што се шеќер од ванила, цимет или нешто друго по ваш вкус. Исто така, доколку правите блага верзија, во блендерот заедно со бадемите можете да додадете и неколку коцки црно чоколадо. Па дали треба да ви раскажуваме колку е вкусен овој намаз за палачинки? Мммм..
Еве една песна која е одлична „подлога“ за едно вакво задоволство… Мммм
{youtube}vIm6yJGjgEM{/youtube}
:)