Како да направите совршена несредена пунџа?
Можеби изразот совршена несредена пунџа ви звучи малку чудно, но токму совршените несредени, messy пунџи се апсолутен хит за ова лето.
Тие се прават едноставно, брзо и што е најважно од се, конечно ќе можете да здивнете од долгата коса што ви држи топло на вратот и рамениците.
Да, летните месеци и температури не се согласуваат баш најдобро со вашите долги бранови во косата кои само непотребно ве греат, па затоа во топлите месеци повеќе сме склони да носиме подигнати, ноншалантни фризури кои покрај тоа што се совршено решение за овој период од годината, тие и изгледаат совршено. Покрај овие предности, оваа фризура можете да ја направите и за помалку од 2 минути, па токму затоа таа е една од омилените летни фризури на многу стилиш девојки.
Се што ви е потребно за овие фризури кои можете да ги носите како со класични и елегантни комбинации, така и со „бохо“ фустани и Boyfriend фармерки– се са мо неколку производи за стилизирање на косата. Гумички, тенки шноли, лак за коса, т.е. спреј и производ за суво миење – доколку ви недостига текстура во косата – тоа е сиот арсенал кој ви е потребен за да го стилизирате овој look.
Погледнете го овој едноставен туторијал од кој ќе научите како најлесно и најбрзо да го направите тоа.
{youtube}t8LsQfd5Nxw{/youtube}
Извор: Elle.rs