Ви откриваме како да направите домашен сок од Алое вера, каде да купите лист и како да го употребувате сокот или гелот.
Алое вера е познато како „растение на долговечноста“ поради бројните здравствени придобивки:
1. За дигестивното здравје
Го подобрува варењето – смирува киселини и го балансира pH во стомакот
Помага при гастритис и чир – го зајакнува мукозниот слој на желудникот
Природен лаксатив – помага при запек (но не треба да се користи предолго)
2. За имунитет и детоксикација
Ја чисти крвта и црниот дроб – помага при елиминација на токсини
Го зајакнува имунитетот – содржи антиоксиданси и витамини А, Ц, Е
Антивирусно и антибактериско дејство – се бори против инфекции
3. За кожа и за рани
Го намалува воспалението – смирува изгореници, осипи, акни и егзема
Помага при брзо зараснување на рани – ја стимулира регенерацијата на клетките
Ја хидрира и подмладува кожата – ја прави помека и посјајна
4. За срцето и шеќерот во крвта
Го намалува холестеролот и триглицеридите
Помага при регулирање на шеќерот во крвта – корисно за дијабетичари
5. За косата и скалпот
Ги зајакнува корените – спречува опаѓање на косата
Смирува првут и иритации на скалпот
6. За слабеење
Го регулира дигестивниот систем
Го забрзува организмот
Ги топи мастите
Како да го користите?
Пиење: 1-2 лажички свеж гел од Алое вера помешан со вода или половиначаша природен сок од Алое вера наутро (1 на ден).
За кожа: директно нанесување на гелот
За коса: маска од алое гел пред миење
Како да направите сок од Алое вера за јакнење на имунитетот
Состојки:
1 голем лист свежо Алое вера
1, 5 литар вода (или природен сок, како сок од портокал или сок од лимон)
1 лажица мед (по желба)
Подготовка:
Чистење на листот – Измијте го добро листот од Алое вера и оставете го во вертикална положба 10-15 минути за да се исцеди жолтата течност (алоин), која може да биде иритирачка.
Отстранување на кората – Со остар нож пресечи ги страните и излупете ја зелената кора. Ќе остане само транспарентниот гел.
Блендирање – Ставете 2-3 лажици од гелот во блендер, додајте една чаша вода и блендирај додека добиете мазна текстура.
Засладување (опционално) – Ако вкусот ви е горчлив, можете да додадете малку мед.
Мазната текстура Алое вера претурете ја во цеден сок од лимон или во цеден сок од портокал (1 л 300 мл).
Консумирање – Пијте 1/2 чаша наутро, на празен стомак, за најдобри резултати.
Совет: Алое вера е природен лек и со него треба да се внимава. Не консумирајте во големи количини или повеќе од 2 недели последователно без пауза, бидејќи Алое може да има лаксативно дејство.
Каде да купите органски лист Алое вера
Цената на 1 голем лист премиум органски Алое вера во Македонија изнесува околу 1200 денари.
Достапни се во продажба во неколку онлајн-продавници: Алоеорганик, Ананас, како и во Алое вера инфо центар и повеќе цвеќарници во Скопје.