Рецепти

Како да направите боза според рецептот на старите мајстори

Реклама
Реклама

Бозата е стар традиционален пијалок кој со текот на времето скоро и да е заборавен. 

Овој рецепт потекнува од еден стар белградски мајстор, сопственик на слаткарница, и се смета за оригинален. Направете го и ќе бидете пријатно изненадени. Ќе ви се најде кога ќе ви дојдат гости, и претставува одлична здрава замена за нездравите купечки сокови што ги пијат вашите деца.

Маркетинг

Состојки

– 5 литри вода
– 4 полни големи лажици пченкарно брашно
– 1 полна голема лажица пченично брашно
– 1/2 коцка свеж квасец или 1 кесичка сув
– 400 гр. шеќер

Маркетинг

Подготовка 

Во поголем лонец, на пример од околу 7 литра, се ставаат 5 литри вода на шпоретот да зоврие. Во соодветен сад изматете 4 полни големи лажици пченкарно брашно и 1 полна лажица пченично брашно со малку вода, како за пудинг.

Сипете ја добиената смеса во водата која врие и мешајте. Намалете ја температурата и варете на тивок оган околу половина час. Повремено промешувајте.

Кога ќе се свари оставете да се олади и пота додадете го стасаниот квасец разматен во малку млака вода со малку шеќер. Оставете да отстои 24 часа и потоа процедете. Пропржете го шеќерот благо да се карамелизира, прелијте го со 1/2 литар вода и оставете го да зоврие. Потоа тргнете го на страна да се олади и додадете го на прецедената течност. Убаво измешајте и сипете во шишиња. Се чува во фрижидер.

Ако повторно правите боза, не треба да користите квасец туку половина литар готова боза.

Извор: coolinarika.com

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button