Реклама
Нега и здравје

Како да направите бадемово млеко

Реклама

Можеби најдоброто нешто во врска со овој рецепт е тоа што многу лесно се прави, а ќе добиете многу вкусно млеко, кое е одличен избор за сите што сакаат да го избегнат кравјото или козјото млеко.

Бадемовото млеко можат да го пијат сите што не пијат кравјо или козјо млеко поради различни причини – не консумираат храна од животинско потекло, имаат алергија на млеко, постат и т.н. И да не спаѓате во некоја од овие категории можете да го пробате за промена. Сигурно ќе ви се допадне.

Маркетинг

Бадемовото млеко има сладок вкус и тоа е совршен избор за сите што се интолерантни на лактоза, и можете да го пиете и користите наместо обичното млеко во сите ситуации, да го јадете со житарки, да подготвувате торти и колачиња и сл. Тоа има низок гликемиски индекс и не предизвикува хормонален дисбаланс како што е случајот со млекото од соја, а воедно и ќе се поштедите од размислувањата дали сојата од која е направено соиното млеко е ГМО или не.

Начин на подготовка

Маркетинг

Потребно ви е:

·    една шолја од 250 мл бадеми
·    4 шолји филтрирана вода
·    морска сол – половина лажичка
·    семе од ванила (по желба и за оние што го сакаат овој вкус)
·    урми или мед, исто така по желба.

Ставете ги бадемите во сад, прелијте ги со вода, додадете половина лажичка морска сол и оставете ги така да накиснат најмалку 12 часа. Потоа исцедете ги внимателно, па ставете ги во блендер заедно со уште 4 чаши филтрирана вода (1 литар) и блендирајте ги додека не добиете течност со кремкаста боја.

Течноста процедете ја низ густа газа, па исцедената течност вратете ја во блендерот, додајте го семето од ванила, урми или мед, измешајте повторно и ставете во стаклен сад или тегла. Вака подготвеното млеко може да стои во фрижидер и до неколку дена.

Измелените бадеми кои ги исцедивте и ви останаа во газата, можете да ги искористите за подготовка на колачиња, а можете да ги распоредите во голема тава со обложена мрсна хартија, да ги ставите во рерната да се сушат на најниска температура, потоа да ги измелете уште еднаш во блендерот или во машинка за кафе, со што ќе добиете многу вкусно брашно од бадеми кое можете да го користите наместо обичното брашно за подготовка на колачиња.

Но, доколку сакате, можете и воопшто да не ја прецедувате течноста што ќе ја добиете уште на првото блендирање на бадемите, па да го пиете млекото така, со ситни зрнца бадеми, кои ќе му дадат посебен шмек на вашиот енергетски пијалак (кој можете да го подготвите од бадемовото млеко и овошје по желба).

Извор:Wellnessmama

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button