Дали сакате да се чувствува повитално здрави? Или да изгубите малку тежина таман за лето?
Една шака бадеми со зелен чај, или овошје помеѓу оброците е почеток во вистинската насока! Маркетинг |
Постојат толку многу диети, така што може да се збуните која тактика да ја следите, а здравата исхрана може да ви стане мачна домашна работа. Еве што вели Елизабета Монтгомери, холистички нутриционист, за некои лесни совети за здрава исхрана. „Чиста вистината е дека сите сме единствени и имаме индивидуална исхрана и начин на живот“, вели Елизабет, „но, едно е сигурно: човечкото тело бара изобилство на храна од растителното царство во нивната природна неизменета состојба за блескаво здравје и долговечност.“
Па, еве совети за тоа како да се вратите на основите принципи…
1) Од помош е полека да додавате здрави опции бидејќи на центрите за вкус во јазикот им треба време да се прилагодат на нова храна. Клучот е да вклучите многу здрава ужина: една шака бадеми со зелен чај, или овошје помеѓу оброците е почеток во вистинската насока.
2) Пијалаците (овошни, млечни) се одлични за појадок, особено за време на топлите летни месеци. Обидете се да го замените традиционалното овошје и млечната верзија со многу поздравиот зелен пијалак. Блендирајте многу зелени зеленчуци со некои алги богати со протеини (суперхрана), кремасто авокадо и малку кокосова вода – да го започнете денот со енергија и да го стабилизирате шеќерот во крвта.
Не заборавајте да пиете 6-8 чаши чиста филтрирана вода секој ден! |
3) Секогаш имајте при рака свежо овошје. Овошјето е вкусна храна богата со вода која е вистинска гозба во текот на летото. Замислете ги прекрасните јагоди и малини, или оладената лубеница, како ви помагаат да ја победите топлината.
4) Соодветната хидратација е од суштинско значење за здравјето на луѓето. Не заборавајте да пиете 6-8 чаши чиста филтрирана вода секој ден. Обидете се со додавање на неколку парчиња краставички или лимон за одличен вкус.
5) Воведете сурова храна во вашата исхрана. Клучот е да се фокусирате на додавање на одредена сурова храна, наместо отстранување на варената. Ова е многу пореален пристап кој осигурува дека суровата храна ќе стане редовен дел од исхраната. Обидете се со салата пред зготвен оброк, или замена на чипсот со житарки и моркови. Трикот е да бидете креативни, а сепак да уживате во храната.
6) Наместо да го пржите, печете или варите, пригответе го зеленчукот на лесна пареа. Ова е брз начин на готвење, а помага да се зачуваат виталните хранливи материи и вкусот!
7) Размислете за салата пред јадење или дури и како оброк сам за себе. Салатите изобилуваат со фитонутритиенти (’фито’ значи растение) и антиоксиданси што им пркосат на стареењето. Не заборавете да додадете протеинска компонента како грав или козјо сирење – ќе помогнат да бидете сити подолг временски период.
Елизабет Монтгомери е холистички нутриционист со седиште во Лондон која ja проучува и истражува исхранатa, источната медицина, астрологијата и медицинските исцелувачки практики многу години. За да договорите приватни консултации, посетете ја страницата www.holisticnutrition.co.uk |