Реклама
Дом и семејство

Супер идеи како да ја подновите вашата кујната со малку пари

Реклама

Кујната е срцето на секој дом особено затоа што во неа се поминува доста време, па доколку не сте задоволни како е средена, можете да направите неколку измени  и за малку пари да ја средите.

Маркетинг

Добрите дизајнери истакнуваат дека домот мора да го одржува карактерот на оние што живеат во него, а кујната пред се треба да биде функционална. Па доколку сакате малку да го преуредите просторот и да го направите таков, еве неколку трикови.

Тргнете ги работите што не ги користите

Многу често на работната површина во кујната се наоѓаат многу работи, од кои некои служат само за украс, додека некои се апарати кои со тек на време служат само за собирање на прашина. Штом ќе го тргнете сето она што не го користите секојдевно, кујната веднаш ќе изгледа многу подобро.

Маркетинг

Постигнете хармонија

На работната површина, но и во отворените плакари и полици се ќе биде многу попрегледно и поубаво доколку внимавате и на боите. Доколку имате бел тостер, црн апарат за кафе и црвена микро печка, веднаш се создава впечаток на несреден и зафатен простор. Обидете се да ги средите работите според големина и боите, но и доколку имате можност, размислувајте на оваа тема и кога купувате нови предмети.

Бидете практични

И покрај тоа што кујната поради недостаток на време најчесто се чисти така што сé се сведува на периодично средување на одредени плакари и полици, обидете се и тогаш времето да го искористите за логичен распоред. Храната треба да биде во плакарите кои ви се на дофат на рацете, додека садовите на страната на која што ви е шпоретот како полесно би се снаоѓале во кујната. Тоа ќе ви овозможи да уживате додека ја подготвувате храната, па така и самиот простор многу подобро ќе ви изгледа.

Просторот треба да се искористи максимално

Без разлика како ви е средена кујната, секогаш постои начин просторот да се искористи малку подобро. Доколку немате горни плакари кои не се високи скроз до ѕидот, ставете на нив убави кутии, а во нив работите кои не ги користите често. Во просторот меѓу плакарчињата секогаш можете да инсталирате неколку полици кои се добредојдени, или пак шипки на кои можете да ги закачите работите.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button