Долга и здрава коса – како да ја одржуваме и кои производи треба да ги користиме?
Познатите манекенки секогаш изгледаат модерно и убаво, без разлика дали фотографите ќе ги фатат на улица или во супермаркет.
Но, дали некогаш сте се запрашале во што е нивната тајна?
Одговорот на ова прашање се крие во нивната коса! Овие девојки секогаш изгледаат прекрасно, па дури и кога се несредени успешно ги вклопуваат своите неуредни фризури во својот оригинален стил. Но за да имате убава и пред се здрава и негувана коса потребно е и редовно да се грижите за неа, а ова особено важи за девојките со долга коса. Во продолжение ќе прочитате неколку совети кои ќе ви помогнат вашата коса да изгледа здраво и убаво како на познатите супер модели, па дури и кога не сте 100 % средени.
Што е најважно?
Сите жени сакаат да имаат долга коса, но за нејзина нега потребно е многу повеќе време отколку за нега на кратка коса. Самото миење и сушење на долгата коса може да биде прилично тешка задача, а токму правилното миење е основниот чекор кон здравата и убава коса. Таа најпрво треба правилно да се исчешла и да се размрсат краевите и заплетканите делови, а нешто што исто така не смееме да го заборавиме е и изборот на вистинскиот шампон.
Користете благи шампони
Шампонот треба да биде благ и да го избирате според типот на влакната и косата. Шампонирањето треба да биде со нежни движења и масажа. Никогаш ме треба да бидеме груби кон својата коса и никако не треба да ги провлекувате прстите низ неа бидејќи многу лесно можете да ја искубете.
Косата треба да ја шампонирате еднаш, а само по потреба и втор пат, но не треба да претерувате. Премногу шампонирање може да го оштети заштитниот хидролипиден слој на косата. Исто така треба да водите и сметка за температурата на водата. Влакната можат да бидат толку нежни што понекогаш силен млаз и премногу топла вода би можело да ја оштети.
Исто така ако сакате вашата долга коса да изгледа здраво, треба редовно да ги кратите нејзините врвови, отприлика на секои два до три месеци. Треба да користите квалитетна маска или балзам како би добиле дополнителна нега.
НАША ПРЕПОРАКА
Ако сакате здрава и убава коса ви препорачуваме да ги пробате производите од „Lorvenn Paris“ за нега на коса врз база на арганово масло кои можете да ги добиете по супер цена.
EXOTIC OIL BEAUTY SHAMPOO
Шампонот Exotic Oil од Lorvenn служи за потхранување и хидратација на косата. Нежна формула збогатена со арганово масло и пченични микро протеини кои ја потхрануваат косата, правејќи ја цврста и еластична. Mоменталната и долготрајната хидратација на косата и скалпот, благодарение на збогатеноста со алое вера, провитамин Б5 и специјални активни навлажнувачки честички. Се препорачува да се користи за нормална и сува фарбана коса.
види повеќе » |