Шминка

Позната шминкерка ни откри како да се нашминкаме како Амал Клуни

Advertisement

Познатата американска мејкап артистка Шарлот Тилбури ни откри неколку трикови со кои се послужи за да ја нашминка Амал Клуни за овогодинешната Мет гала забава.

Advertisement

Тибури е една од најбараните мејкап артистки меѓу холивудските дами, а воедно е и сопственичка на луксузен козметички бренд кој го носи нејзиното име. Таа на нејзиниот профил на Инстаграм каде што ја следат преку 1.8 милиони луѓе од целиот свет детално објасни како да го постигнеме изгледот од Мет гала на познатата адвокатка за човекови права. Таа ги опиша сите производи што ги користеше, па дури и нивната цена (околу 450 фунти).

Мазниот и сјаен изглед на кожата го постигна користејќи дури шест производи што вклучува два основни пудра во посветла и потемна нијанса, три камени пудра и бронзер. Од друга страна и големите кафеави очи на Амал ги нагласи исто така користејќи шест производи. Најпрво со подлога која е основа на секоја добра шминка, па потоа со сенки.

Advertisement

Од палетата избирала „nude“ нијанси, а потоа додала сјај во златни нијанси и на крај со кафеаво моливче извлече мачкест look, а со црна маскара ги нагласи трепките.

https://www.instagram.com/p/BifmwkxB-I2/?utm_source=ig_embed

Бидејќи госпоѓа Клуни има густи црни веѓи, Шарлот само ги исчешла со специјален чешел за веѓи и залижа со гел како би го задржале вистинскиот облик.

https://www.instagram.com/p/BifqVb6hVbX/?utm_source=ig_embed

 

Гламурозен финиш постигна со впечатлив црвен кармин и молив во иста нијанса.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button