Шминка

Едноставен совет со кој вашата омилена течната пудра ќе ја искористите до последна капка

Advertisement

Течната пудра многу често е една од најскапите декоративни производи во козметичката чанта на секоја жена и токму заради тоа секогаш сакаме да ја искористиме до последна капка. 

Advertisement

Но дали сте знаеле дека тоа можете да го направите со помош на еден едноставен трик кој многу лесно можете да го направи секоја од нас?!

Продолжете го векот на траење на вашата течна пудра која е „при крај“ така што во неа ќе додадете лосион за лице и ќе направите хидратантна крема во боја. Доколку користите пудра во стаклено шишенце тогаш лосионот можете да го ставите директно во него и да промешате со стапче за уши или мала пластична чепкалка или лажичка за кафе. Но, доколку вашата пудра доаѓа во пластична тубичка, тогаш исечете ја на половина. Потоа со стапчето за уши или лажичката извадете ги остатоците кои потоа ќе ги ставете во мало шише или сад по желба (на пр. стара кутија од некоја крема) и измешајте со лосион.

Совет плус

Advertisement

Парите не се мерило за квалитет, но кај козметичките производи најчесто важи правилото поскапото е и поквалитетно. Проверете за кои бјути производи се исплаќа да платите повеќ (Топ 3 производи на кои не треба да штедите), а потоа и како да го спасите смачканото руменило или камената пудра во само три чекори

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button