Блогерија

Три начини како да ја искомбинирате вашата омилена ролка

Advertisement

Ролката, покрај тоа што е многу практична во есенската и зимската сезона, овој период е едно од омилените парчиња за комбинирање на светските блогерки.

Advertisement

Во прилог ви прикажуваме 3 идеи за како можете да ја искомбинирате вашата омилена ролка на стилски начин.

За секојдневен изглед кој е истовремено шик и ќе ве штити од ладното време, е комбинацијата на ролка со фармерки од светол тексас и вашето омилено палто. Додадете црни кратки чизми на ниска потпетица за дополнителна висина и дебело плетено капче.

Advertisement

Оваа комбинација е совршена за вечерно излегување. Со црно тесно здолниште, црни хулахопки и потпетици не може да се погреши. Додадете капут за дополнителна заштита од студот, црна чанта и подготвени сте.

Доколку сакате да пробате нешто поразлично, зошто тоа да не биде со шорцеви? Одржете чист,дефиниран изглед со комбинирање на шорцеви во слична боја со ролката, или пак шорцевите да се темни. Федора шапките се хит оваа сезона, така да можат секаде да се најдат. Доколку е ладно, можете да префрлите кожена јакна на рамениците или пак капут.

 

Елена »

Модна блогерка со преголема Инстаграм опсесија. Чест патник во 57ца. Обожава нудли, откривање на нова музика и Pugs.

Кликни тука и посети го нејзиниот блог »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button