Реклама
Модни совети

Како да изгледате шик во дебели плетени џемпери

Реклама

 

Денес драги наши ќе ви покажеме неколку начини како да носите топли (дебели) џемпери и да изгледате кул и шик.

Маркетинг

Ниските температури полека но сигурно ни се приближуваат и можеби уште од сега чувствувате потреба да се наоружате со вашите долги или кратки, широки или тесни, еднобојни или шарени дебели џемпери, особено ако живеете на пример во Крушево или Берово, или на некое друго место каде температурите се пониски. Но, доколку станува збор за комбинации кои треба да ги носите надвор од вашиот дом, сепак ќе треба малку да се потрудите и да изгледате модерно и оригинално и во дебел џемпер! Повеќето џемпери изгледаат гломазно, но тоа не значи дека ќе изгледаат несоодветно и масивно и кога ќе ги облечете. Напротив, ефектот може да биде сосема спротивен, односно не само што нема да ви додаваат килограми, туку со вистинскиот модел многу лесно можете и да го сокриете вишокот.  Од друга страна пак, постојат безброј начини како со помош на убав топол џемпер да изгледате дамски и стилизирано, а се што е потребно е да го пронајдете моделот со вистинските пропорции за вас, односно моделот што најмногу одговара на формата на вашето тело и вистинската величина, ниту поголема, ниту помала. И потоа да го стилизирате на вистински

Маркетинг

Можете да изберете монохроматски модел, на пример во црна боја и да го комбинирате со црни хеланки и вашите омилени чизми до глужд (ова ќе биде најдобро да го направите со долг модел на џемпер и само за „специјални“ опуштени и пригоди!). Кратките модели пак можете да ги носите со тесни фармерки, додека за ултимативен шик изглед пробајте да направите комбинација со пар кулоти кои се задолжително парче за оваа есен и зима.

Понекогаш, кога ќе сакате да внесете промени во вашата гардероба и да пробате нешто ново, обидете се да го носите џемперот така што едната страна ќе ја ставите во здолништето, а другата половина ќе ја оставите надвор, или пак едноставно побарајте некој оверсајз модел и носете го со тренди кратко здолниште и стејтмент обувки со високи потпетици.

Џемперите се совршени и за слоевитите комбинации, а оваа сезона ви препорачуваме да ги носите под оверсајз блејзери или пак под војничките  капути кои се во тренд (види тука) или пак врз тренди кошула во комбинација со кратки бели шорцеви.

Доколку пак го преферирате класичниот дамски изглед, тогаш се што треба да направите е да го изберете вашиот омилен фустан со цветови (или вашето омилено миди здолниште) и да го покриете горниот дел со краток тесен џемпер.

Што се однесува до тоа каде да ги пронајдете најубавите модели на џемпери за оваа сезона, наш совет е пред да почнете да ја правите вашата шопинг листа и пред да тргнете во сериозен поход на продавниците, најдобро ќе биде убаво да ги разгледате парчињата што веќе ги имате во плакарите, па ако треба и да побарате нешто интересно и во плакарите на вашите мајки и баби. Сигурни сме дека секоја од вас има по некој „вечен“ модел со кој ќе можете да направите милион интересни комбинации оваа зима (не плашете се да експериментирате!). Е сега, гардеробата секако мора да се освежи со по некое ново парче секоја нова сезона, и затоа отворете ја галеријата на крајот од текстот (или едноставно кликнете тука и скокнете во неа) каде ќе ги видите моделите на џемпери кои што можат да се сретнат на полиците на најпознатите продавници кај нас.

види повеќе »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button